Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Teksport120.10.2014  Нов производствен објект како странска инвестиција започна да се гради во источната индустриска зона во Виница. Инвеститор е компанијата “Текспорт“ од Австрија, која уште од 1997 година со свои производни капацитети е присутна во Македонија, но и во соседна Бугарија.

Поставувањето на камен-темелникот беше повод за пригодна свеченост на која беа претставени плановите за изградба и развој на фабриката што ќе никне овде.

Според сопственикот на компанијата, се одлучил да гради во Виница затоа што добил поволни услови за инвестирање.

- Почнавме во Македонија со производство на заштитна облека, посебно за противпожарна. И покрај кризата што постоеше се развивавме, не застанавме и решивме да ги прошириме капацитетите и тоа да биде токму во Виница. Планираме да имаме 200 вработени откако ќе се изгради, ќе стартуваме со 100 вработени и како што ќе се развива производството ќе дојдеме до 200, дај Боже и повеќе. Вкупно сме околу 500 вработени во сите фабрики и се занимаваме со производство на заштитна облека. Имаме фабрики во Скопје и Бугарија и овде во Кочани, што целосно ќе ја префрлиме во Виница каде се 100, но планираме да дојдеме до 200 работници, рече Отмар Шнајдер, сопстевник на компанијата “Текспорт“.

Во Локалната самоуправа на Виница се задоволни што австрискиот инвеститор се одлучил да вложи во нивната општината, поткрепувајќи го тоа со поволните услови што ги добил за старт на инвестицијата.

- Приказната започна пред три години кога господинот Шнајдер дојде во Виница и побара од нас да му најдеме локација каде што сака да ја гради својата нова фабрика. Поминавме повеќе места во општината и кога дојдовме овде тој рече дека овде сака да биде неговата нова фабрика. После сите процеси за објавување тендери и лицитации тој го купи ова место. После изработката на проектот за халата еве, денеска почнува со градба на неговата нова фабрика , рече Емил Дончев, градоначалник на Општина Виница.

Изградбата на новиот објект на “Текспорт“ е прва странска инвестиција во источната индустриска зона на Виница, каде веќе се градат неколки други објекти на домашни инвеститори. Заедно со претходните вложувања на странски капоитал, ова е шеста инвестиција во производствен погон во Општината, а локалната власт очекува со изгрдабата на новата технолошко-индустриска развојна зона чија камен-темелник беше поставен во саботата бројот на вакви објекти значително да се зголеми.

Т. Ајтовски

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NNE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 171 гости и нема членови


web counter



qr code