Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

sredno obrazovanie21.10.2014  Од 28-те ученици од Кочани кои конкурираа за упис во СОУ „Љупчо Сантов“ и поради малиот број поени беа одбиени, 15 се запишаа во СОУ „Ѓошо Викентиев“. Но, и од тие 15, 6 се отпишаа повторно, со цел по истекот на еден месец од учебната година да се префрлат во Гимназијата каде што првично конкурираа.

Државните инспектори велат дека таквото префрлување на ученици од едно во друго училиште е можно само по истекот на една учебна година од запишувањето или во случајот да ја поминат годината во училиштето каде што се запишани, а од наредната да размислуваат за префрлување во друго училиште. Сепак, и тогаш е дискутабилно дали можат да се префрлат сите или само оние кои ги исполнуваат условите.

Во спротивно, се побива досегашниот закон за почитување на поените за упис односно одлуката на Министерството за образование и наука за примање на ученици со помал број поени, рече за Канал 8 државниот просветен инспектор Диме Атанасовски.

Инаку, неколку дена од истекот на учебната година тие 28 ученици кои првично заради малиот број поени беа одбиени од Гимназијата не беа вклучени во воспитно – образовниот процес за подоцна да се запишат во „Ѓошо Викентиев“ или во друго училиште.

Тогаш беше создаден револт и кај учениците и кај родителите на децата, кои до почетокот на годината се надеваа дека нивните деца ќе тргнат на училиште во Гимназијата.

Директорот Лазар Димитријев тогаш објасни дека училиштето постапува согласно добиеното укажување од Министерството за образование и наука во кои стои дека согласно утврдените слободни места за упис на ученици во кочанските средни училишта Министерството не дава согласност за намалување на поените за упис на ученици. Тоа значи дека согласно конкурсот сите ученици кои имаат под 50 поени нема да бидат примени во училиштето.

Училиштата да бараат согласност од Министерството за образование за намалување на поените за упис е новина која се воведе од оваа година. До лани интерно самото училиште на наставнички совет одлучуваше со колку поени ученикот ќе биде примен и така беше полесно оти сите ученици кои конкурирале беа примени. Од годинава критериумите се построги.

Т. Велкова

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 64 гости и нема членови


web counter



qr code