Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Pesok19.07.2013  Државната комисија за спречување на корупцијата покрена иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на П.Ј и Д.Ј., одговорни лица на друштвото "Калина"ДООЕЛ од населбата Оризари.

Причината за тоа е што постојат основи за сомневање дека тие сториле кривично дело “незаконита експлоатација на минерални суровини“. Осомничените се товарат дека одобриле со механизација на фирмата да се врши нелегален ископ на песок од нива во месноста Белско поле, во близина на село Прибачево.

За вршење на ископот фирмата не поседувала соодветна дозвола, што е спротивно од законот за експлоатација на минерални суровини.

Потоа песокот бил препородаван на трети лица, со што осомничените се здобиле со противправна имотна корист, а на штета на јавниот интерес.

Според Антикорупциската комисија црпењето на песокот се одвивало во текот на изминатите неколку години, со што на долг рок е загрозен целокупниот систем за наводнување на полињата околу Прибачево.

Испитувањата на теренот покажале дека нелегално се исцрпени големи колини песок, што поради ерозијата на теренот придонело и за уништување на дел од плодните земјоделски површини во непосредна близина.

Со оглед на специфичноста на локацијата каде е вршен ископот, за овој терен воопшто не било планирано распишување тендер за доделување концесија за ископ на песокот.

Т. Ајтовски

Сподели

Pesok1Pesok3Pesok4

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

4°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: SE при 4 kmh
Понеделник1°C/8°C
Вторник6°C/11°C
Среда3°C/13°C
Четврток2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 72 гости и нема членови


web counter



qr code