Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

ruen230.05.2013 Неколку месеци по завршувањето на стечајната постапка и одлуката на Собранието на доверители за продажба на капацитетите на фабриката, поранешните вработени во индустријата за автомобилски делови "Руен ИТ" се во исчекување на понатамошната судбина на фирмата.

Двата неуспешни огласи на кои не се јави ниту еден заинтересиран за некој од трите пакети што се продаваат, велат, ја подига нервозата кај сите и не знаат како понатаму ќе се одвиваат работите. Се обиделе да контактираат со стечајниот управник Драги Димовски од Струмица, но безуспешно.

- Ништо немаме од стечајниот информација што е со фирмата, до каде е стигната состојбата, дали ќе се продава, како ќе се продава, што ќе биде тоа, немаме никаква информација, рече Драги Атанасов, поранешен вработен во "Руен ИТ".

Дел од работниците се организираа на протест, најпрвин пред влезот на фабриката, а потоа и кај Основниот суд. Бараа средба со стечајниот управник, но наместо него ги прими претседателот на Судот и судијката која ја водеше стечајната постапка. Им се пожалиле дека премногу долго се развлекуваат термините на огласите за продажба на имотот на “Руен“.

- Вториот оглас заврши на 4 мај, а третиот веќе е презакажан за 19 јуни, кога треба да се сретне Собранието на доверители за да донесе некаква одлука кој ден и под кои услови да се распише новиот оглас. Тоа беше работата за која ние сакавме да добиеме информации. Нашето укажување беше дека тие рокови, со запазување на законот, колку што може да бидат пократки, рече Мијалче Андонов, поранешен вработен во "Руен ИТ".

Поранешните вработени бараат периодот меѓу два огласи за продажба наместо еден месец, да се се скрати на две недели. Рекоа дека поголем дел од нив се во сериозни години кога тешко можат да најдат друго вработување, па целата надеж ја гледаат во успешното продавање на фабриката. Рекоа дека повторно ќе се соберат кога Собранието за доверители ќе одлучува дали ќе се намали почетната цена и како ќе се одвива продажбата.

На претходните два огласи “Руен ИТ“ се продаваше во три пакети. Првиот во кој влегуваат градежните објекти, опремата и алатите, се нудеше по почетна цена од нешто помалку од 5 милиони евра. Вториот пакет, односно залихите на готовите производи, суровини и репроматеријали, се нудеа за 400 илјади евра, а транспортните средства кои го сочинуваат третиот пакет се продаваа за околу 70 илјади евра.

Т. Ајтовски

Сподели

 ruen1

 

 


 

 

 

 

 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: North при 2 kmh
Четврток-3°C/14°C
Петок-3°C/12°C
Сабота-2°C/9°C
Недела0°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 290 гости и нема членови


web counter



qr code