Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

socijana zgrada nema131.10.2014  Само реални, издржани и остварливи проекти можат да ги подобрат условите за живот на граѓаните на Кочани, наместо неискрени ветувања, рече претседателот на општинската организација на СДСМ од Кочани, Сашко Костов на прес-конференцијата што се одржа во населбата Драчевиќ.

Тој ја критикуваше актуелната власт за неисполнетото ветување кон граѓаните околу изградбата на станбена зграда со станови наменети за лица со лош социјален статус.

- Овде во населбата Драчевиќ, ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Ратко Димитровски ветија изградба на 42 социјални станови. Еве, како што можете да видите, становите никаде ги нема.

Едно големо ништо колку овој рид се ветувањата дадени од владејачката партија. Министерот Јанакиевски пред локалните избори дојде овде во Кочани и на граѓаните им вети дека наскоро ќе започне изградбата на социјалните станови. На два месеци пред крајот на рокот кога веќе требаше да бидат готови, изградбата на становите не е ниту почната, рече Сашко Костов, претседател на ОО СДСМ – Кочани.

Костов рече дека граѓаните уште долго ќе ги чекаат социјалните станови, затоа што било јасно дека владејачката партија единствено се грижела за теснопартиските интереси, а не за интересите на граѓаните.

- Власта на Груевски потроши огромни суми народни пари за барок и бронза за “Скопје 2014“, а овде во Кочани граѓаните ги немаат основните потреби за достоинствен и нормален живот. Граѓаните на Кочани не заслужуваат неискрен и неодговорен однос на власта кон нив и нивните потреби. Власта мора да ги промени своите популистички политики кои не носат резултат и не ги решаваат проблемите на граѓаните, додаде Костов.

Изградбата на новата зграда, според Костов, била ветена на просторот веднаш до постојниот објект каде се уште стои гола ледина. Таа требало да биде една од трите најавени згради во Кочани со кои ќе се ублажува проблемот со домувањето на социјално загрозените семејства.

Т. Ајтовски

Share


Имаме присутни 730 гости и нема членови


web counter



qr code