Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

vesta zena231.10.2014  “Етно вешта жена“ за прв пат ќе се организира и во Кочани. Жените од Кочани и населените места кои сами се пријавуваат за да ја покажат својата хуманост, подготвуваат разни кулинарски специјалитети кои се изложени на свечено украсена трпеза и се на продажба.

Собраните средства од продажбата на влезниците и на специјалитетите ќе бидат наменети за децата со посебни потреби.

- Средствата што ќе ги собереме од картите и од продажбата на специјалитетите ќе ги доделиме на децата со посебни потреби во ОУ „Малина Попиванова“.

Ги замолувам сите кои сакаат да донираат да се пријават и да учествуваат, а со тоа ќе ја покажат хуманоста, рече Марија Мишева, координатор.

Организаторите од Кочани се оптимисти дека манифестацијата ќе помине одлично и добро ќе биде прифатена од страна на луѓето. Досега има доста заинтересирани за учество и донации, а пријавувањето трае и понатаму.

Во манифестацијата може да учествуваат и други жени кои имаат желба да подготват специјалитети и со тоа да ја покажат хуманоста. Манифестацијата ќе биде организирана во етно стил, со подготовка на традиционални јадења и специјалитети. Ќе се одржи на 15 ноември во хотелot „Национал“ во 18 часот. Цената на влезницата е 300 денари.

Т. Велкова

Share

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NNE при 20 kmh
Четврток2°C/11°C
Петок3°C/13°C
Сабота2°C/12°C
Недела7°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 75 гости и нема членови


web counter



qr code