Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

sdsm22.07.2013  Четворица кандидати, членови на СДСМ од Кочани доставиле пријави за претседател на општинската организација.

Пријавите се испратени директно до партискиот претседател Зоран Заев, па во локалниот партиски огранок не можеа да соопштат повеќе информации за лицата кои конкурираат да ја водат партијата во наредниот период. Само еден кандидат пријавата ја доставил во општинската организација и таа оттаму била препратена во Скопје. Сепак, заради коректност во постапката и со намера да кандидатот да не се фаворизира во однос на другите, не сакаа да го соопштата неговото име.

Во градот веќе се шпекулира дека изборопт што треба да го направи Заев е само формалност, затоа што било познато оти партијата во Кочани ќе ја води млад и за јавноста познат правник.

Рокот за пријавување кандидатури истече викендот и тој се однесуваше за избор на претседатели на осум општински организации на СДСМ. Промената на првите луѓе на партиските ограноци се прави поради истекување на мандатите на досегашните претседатели.

Со изборот на нов претседател, најверојатно ќе има промени и во извршниот одбор на општинската организација. Новоизбраниот претседател ќе може на конференцијата на огранокот на партијата да и предложи можни членови на колективното раководство, за што согласност ќе треба да добие од централниот Извршен одбор во Скопје.

Освен Кочани, нови претсдетатели треба да добијат и ограноците на СДСМ во Штип, Пробиштип, Кратово, Крива Паланка, Битола, Карпош и Охрид.

Т. Ајтовски

Сподели

sdsm3

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

28°C

Кочани

Делумно облачно
Влажност на воздухот: 21%
Ветер: West при 11 kmh
Недела14°C/31°C
Понеделник8°C/31°C
Вторник4°C/18°C
Среда3°C/18°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 285 гости и нема членови


web counter



qr code