Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

spomenik zrnovci10.11.2014  Во присуство на голем број гости со свечена литија од црквата посветена на Светиот великомаченик Димитрија до плоштадот во Зрновци беше одбележан патронот на Општината.

Новопоставениот споменик на заштитникот на општината Св. Димитрија беше осветен од страна на владиката Иларион. Споменикот е изработен во средното уметничко училиште “Лазар Личеноски“ од страна на уметникот Дацо Николовски и чини 8.500 евра.

- Со оглед на тоа дека навистина се работи за многу ниска цена за изработка на споменикот и со оглед на тоа дека ние прв пат правиме ваква работа, училиштето се нафати за многу ниска цена да го изработи споменикот и зема пари само за материјалот од кој е изработен.

Сакам да споменам дека другите понуди чинеа и повеќе од 30 илјади евра, рече Блаже Станков, градоначалник на Општина Зрновци.

Инаку општината неодамна доби и плоштад. Изграден е од средства од Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој во висина од 6 милиони денари и се наоѓа на самиот центар во Зрновци. Луѓето ќе го користат за средби и организирање разни манифестации.

На прославата на денот Општината им додели благодарници на ученици од ОУ „Синиша Стоилов“ како и на заслужни граѓани на општината во разни области меѓу кои и спортот.

Целата програма беше збогатена со настап на фолклористите од ФА „Љупчо Сантов“ од Оризари, а пред присутните концерт одржа Ефто Пупиновски.

Т. Велкова

Share

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

11°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 44%
Ветер: North при 0 kmh
Четврток3°C/14°C
Петок4°C/14°C
Сабота4°C/13°C
Недела6°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 143 гости и нема членови


web counter



qr code