Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Rampa111.11.2014  Општина Кочани ја презема одговорноста за поставувањето на рампата на Пониква што се испречи на новиот асфалтен пат кон манастирот “Свети Василиј Велики“ и ски-лифтот број 3.

Металната цевка што стои заклучена со катанец и го попречува приодот со моторни возила испровоцира голем број телефонски јавувања и реакции на граѓаните во нашата редакција. Сите тие се сведуваа на прашањето кој и зошто ја поставил рампата, оценувајќи ја постапката како некоректна.

Една недела по таквиот инфраструктурен зафат, градоначалникот Димитровски ја прекина дилемата во јавноста, потврдувајќи дека токму од Локалната самоуправа дошла наредбата да се постави препреката на патот.

- Целта на оваа рампа е да се спречи товарните возила да го уништуваат она што едвај го направивме со средства од граѓаните од општината, од буџетот на Општината. Да не се уништува, туку да остане целосен тој пат. Имаме некои забелешки, ќе направиме некои корекции на таа рампа, но целта е тоа, да се спречи товарниот сообраќај да минува оттаму, рече Ратко Димитровски, градоначалник на Општина Кочани.

Димитровски рече дека не знае зошто се јавиле реакциите кај граѓаните, затоа што рампата не била проблем за сопствениците на викенд куќите во тој дел на Пониква.

- Јас не знам од кој аспект е поставено ова прашање, знаеме дека Пониква е одморалиште, дека таму луѓето одат да уживаат, да пешачат и дека сите оние кои имаат викендички, за достава до куќичките ги имаат клучевите од таа рампа, додава Димитровски.

Фактот што сопствениците на викенд куќите имаат клуч од рампата и можат да ја кренат кога ќе имаат потреба, го создава впечатокот дека сите други кои сакаат да поминат со возило оттаму се дискриминирани. Токму затоа беа и реакциите на граѓаните кои се јавија во нашата редакција, со забелешка дека со ваквата постапка дел од планината станува приватна сопственост и привилегија само за одредена група граѓани, иако е заедничко природно богатство што им припаѓа на сите.

Т. Ајтовски

Share

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
__ ЗАГАДЕНОСТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ __ EAQI - European Air Quality Index е мерка која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на државната мерна станица на ул. „Глигор Апостолов - Гочо“ во дворот на СОУ “Љупчо Сантов“. Покажува загаденост според Европската скала за AQI од 0 до 100, при што колку е повисока мерката, толку е позагаден воздухот.
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 61 гости и нема членови


web counter



qr code