Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

rampa skrsena12.11.2014  Локалниот пат што води кон манастирот „Свети Василиј Велики“ на Пониква повторно е прооден за сите видови возила.

Искршена е рампата што неодамна ја постави локалната власт во Кочани, откако претходно со метални клешти е исечен катанецот со кој беше заклучена.

Одлука за ваквиот потег донеле сопствениците на викенд куќи во тој дел од планинскиот центар, со образложение дека воопшто не биле консултирани за нејзиното поставување, со што во јавноста се создал впечаток дека тие се привилегирани во однос на останатите граѓани.

- Демантирам дека рампата е наша иницијатива, на дел од луѓето кои овде имаме викенд куќички, дека е покренатат инцијативата за ставање на оваа рампа од нас. Ние не бевме ни запознаени дека оваа рампа е наместена. Одејќи наваму минатата недела, на самиот асфалт забележав рампа, што нормално дека и кај мене побуди некаков револт, но не знаев како и по чија иницијатива е ставена и оставивме да видиме што ќе се покаже со тек на времето. Кај граѓаните дојде сознание дека ние сме иницијатори за поставување на оваа рампа што и нам ни нанесе дополнителни проблеми за поминување по патот и пристигнување до нашите викендички и до манастирскиот комплекс “Свети Василиј Велики“. Значи, овој пат и тој манастир се изгради од луѓето и по овој пат и до манастирот треба да поминува секој слободно, и возилата, и пешаците, и луѓето, рече Јане Јанков, сопственик на викенд куќа на Пониква.

Сопствениците на викенд куќите биле зачудени од постапката на локалната власт, посебно што и тие се оневозможени да дојдат до своите објекти. Истовремено го демантираат тврдењето на градоначалникот Димитровски дека добиле клучеви од катанецот на рампата, па можеле да ја отклучат и да поминуваат кога ќе имаат потреба.

Самоиницијативното отстранување на рампата граѓаните го направиле и од безбедносни причини.

- Сега во овие временски услови има доста магла и не е видливо, досега имаше два случаи во кои прво ќе удреше мотор во рампата, па и возило, па затоа бевме приморани да ја отстраниме привремено, а мислам дека и трајно ќе се отстрани, ќе потегнат иницијатива властите од Општина Кочани да се отстрани, па дури и да се отстранат столбовите, бидејќи овде во зима нема да можат да поминат ниту ратракот, ниту чистачот и пешаците, додава Јанков.

Рампата на Пониква крена прашина во кочанската јавност и имаше поголем број телефонски реакции од граѓаните кои сметаа дека се прави дискриминација и спречување да се користи природното богатство што им припаѓа на сите. Поставувањето на металната цевка градоначалникот Димитровски го образложи со потребата да се спречи поминувањето на тешки товарни возила за да се заштити новоизградениот асфалтиран пат до манастирот “Свети Василиј Велики“.

Сопственците на викенд куќите очекуваат во иднина, при преземањето слични зафати, Општината да ги консултира, затоа што ќе постапат слично како што се случи со рампата.

Т. Ајтовски

Share

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
__ ЗАГАДЕНОСТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ __ EAQI - European Air Quality Index е мерка која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на државната мерна станица на ул. „Глигор Апостолов - Гочо“ во дворот на СОУ “Љупчо Сантов“. Покажува загаденост според Европската скала за AQI од 0 до 100, при што колку е повисока мерката, толку е позагаден воздухот.
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 60 гости и нема членови


web counter



qr code