Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

trajanov dimitrovski sednica14.11.2014  “Маршал Тито“ и во Кочани замина во историјата откако мнозинството во Советот на Општината гласаше за промена на називот на улицата што го носи неговото име.

Во иднина една од главните сообраќајници ќе се вика “ВМРО“. Предлогот за тоа дојде од редовите на советничкото мнозинство што предизвика бурна дискусија уште пред да започне седницата на која меѓу другото се расправаше за ова прашање.

Не беше прифатено барањето на опозицијата целата точка од дневниот ред да се повлече поради немање образолжение за предлогот. Поради тоа, кратко објаснување даде предлагачот, советничката Марија Ананијева.

- Значи, улицата “Маршал Тито“ да се преименува во “ВМРО“. Зошто? Затоа што ВМРО е внатрешна македонска револуционерна организација која што дејствува уште од времето на Отоманската империја, па во периодот пред Првата светска војна, во периодот меѓу двете светски војни и по Втората светска војна, и затоа што нејзината единствена цел и идеја била обединета самостојна држава Македонија, со уредување по угледот на парламентарните држави на Запад, и со заложби за остварување на социјалната правда. Мислам дека сите ние денес ги уживаме благодетите што како идеи ги имала оваа револуционерна организација и затоа што оваа организација биле сите наши македонски херои кои ние денес ги славиме, рече Марија Ананијева, член нa Советот на Општина Кочани.

Ваквото објаснување беше оценето како неиздржано и со идеолошка позадина, што предизвика низа од реакции кај советниците од опозицијата.

- За оваа работа има негодување и ние сме свесни за тоа. Предлогот што го дадовме на почетокот од седницата беше со таа цел. Јас не би се навратила на историјата затоа што со оваа работа можеме да дадеме и други сигнали, рече Лилјана Арсова, член на Советотот на Општината.

- Изградете некоја голема улица и крстете ја ВМРО, а не онаа што е најголема и што е во центарот, една од поголемите улици во општина Кочани, што се наоѓа во централното градско подрачје да ја прекрстувате од “Маршал Тито“ со име “ВМРО“. Значи, тоа не ево ред. Дали тоа значи дека кога настане промена на власта во Кочани ние треба сите улици да ги смениме, од едно име да им ставиме друго име, рече Ѓорѓи Алексов, член на Советот на Општина Кочани.

И наместо дискусијата да се смири, таа уште повеќе се загреа.

- Вие госпоѓо советничке Марија Ананијева, можете во вашиот двор или во дворот на вашиот татко да вршите измени какви што сакате, промена на мебел, да давате имиња на било што, рече Сашко Стефановски, член на Советот на Општина Кочани.

- И вие и советничката Марија имате исти права, рече Јордан Димитров, претседател на Советот на Општина Кочани.

- И што правам сега лошо, праша Стефановски.

- Ама, немојте сега, излегувате од... - одговори Димитров.

- Има право да предложи, така ли? Овде станува збор за градот, господине секретар, тоа не е само ваш, тоа е и мој град. Тоа е град со традиција, додаде Стефановски.

- Само немојте, ќе ве молам да не се навредувате, рече Димитров.

- Па, што има тука навредливо, претседателе? Многу чувствителни сте станале, рече Стефановски.

- Таа не е избрана од нејзиниот двор, таа е избрана од народот, се вмеша градоначалникот Ратко Димитровски.

- Јас се сомневам, градоначалнику, дека зад неа стојат сите тие што гласале за неа дека ќе се согласат со ова, додаде Стефановски.

- Бидете вие колегијален, врати градоначалникот Димитровски.

- Бидете коректен, ќе ве молам, додаде претседавачот Димитров.

Тензијата и понатаму растеше, а во еден момент се закани да премине во нешто посериозно откако во вербалниот дуел меѓу советникот Трајанов и градоначалникот Димитровски избија искри, што дополнително ја вжештија атмосферата.

- Без оглед кој говорник се наоѓа на говорница, неучтиво е градоначалникот одоздола да се провикнува и да ви суфлира како вие треба да постапувате. Ако тој лично смета дека вие не сте подобен за претседател на Советот, нека го стави тоа на дневен ред, можете да го промените, градоначалнику. Јас седам зад вас и гледам како сообраќаец кажувате..., рече Влатко Трајанов, член на Советот на Општина Кочани.

По десетминутната пауза страстите се смирија, за што барање упати и координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

- Начинот на кој беа изнесени некои излагања не држат и ќе ве замолам страстите и емоциите да бидат задржани надвор од оваа седница, а не овде на говорница, рече Лазо Митев, член на Советот на Општина Кочани.

- Ние од СДСМ ниту сакаме, ама баш ниту сакаме некоја улица или установа или било што да не се вика ВМРО. Колку и да звучи тоа парадоксално, ама само ВМРО, без ДПМНЕ оти ќе влеземе во некоја друга сфера. Меѓутоа, ниту пак сакаме да се избриши еден дел од нашата историја која јас лично и многумина од нас ја доживуваме многу позитивно, на која и го должиме нашиот и физички и секаков вид на опстанок до ден денешен, рече Влатко Трајанов, член на Советот на Општина Кочани.

Апелите да не се прифати предлогот за менување на имињата на улиците “Маршал Тито“ и “Иван Серафимов“ не беа прифатени. Со 11 гласа “за“ мнозинството во Советот ги смени нивните називи, а советниците од опозицијата прво побараа поединечно гласање, а потоа ја напуштија седницата.

Со усвоената одлука, во иднина улици ќе се викаат “ВМРО“ односно “Петровденска“.

Т. Ајтовски

Share

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NNE при 13 kmh
Недела2°C/11°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 137 гости и нема членови


web counter



qr code