Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

zdruzenie Josip Broz Tito14.11.2014  Членовите на здружението “Јосип Броз Тито“ дојдоа пред салата на Советот на Општината за да го изразат незадоволството од предлогот да се смени називот на улицата што го носи името на нивниот патрон.

Рекоа дека немаат намера да прават протести и скандали, туку мирно и достоинствено да укажат дека локалната власт греши што на дневен ред става сосема непотребна точка.

Поради тоа доставиле писмено барање до Советот и до градоначалникот Димтировски, во кое го објаснуваат својот став за кој сметаат дека е сосема оправдан.

- Не е потребно да се менува името на “Маршал Тито“ затоа што тоа е тој кој ја создаде Македонија, оваа Македонија во која ние живееме денес и на која во светски рамки и е признат нејзиниот национален идентитет. Оваа промена на името е поврзана и со одредени трошоци што ќе се направат, со промена на лични кати, со промена на пасоши, со промена на фискалните каси, односно адресата на која штотуку фирмите ги регистрираа, повторно нови пари ќе даваат заради промената. Така што, сето тоа мислам дека е причина, а треба ли и ние како кочанци да кажеме дека по таа улица шетавме, се движевме, ни помина младоста, ученичките денови и така натаму. Сетот тоа е причина дека во Македонија не треба да се избрзува со овие работи, рече Трајче Трендов, претседател на Здружението “Јосип Броз Тито“ - Кочани.

Претставниците на Здружението што го носи Титовото име побараа да присуствуваат и на седницата на која се разгледуваше прашањето за измена на називот на централната улица во градот. Иако немаа право на глас рекоа дека чувствуваат морална потреба до крај да го бранат ставот оти не треба да се брише името на некогашниот југословенски претседател, затоа што со тоа се брише дел од сопствената историја.

- Со бришењето на сопствената историја треба се да се врати од почеток, така што времето не започнува од нас, се знае каква е историјата и Тито е симбол на мирот во светот, рече Ѓорѓи Николов, член на Здруженеито “Јосип Броз Тито“ - Кочани.

Членовите на Титовото здружение незадоволни ја напуштија седницата на Советот, со оглед дека нивното барање не беше прифатено. На крајот рекоа дека оние кои сметаат дека треба да се избрише името на Јосип Броз треба да се откажат од сите заслуги и признанија со кои се здобиле додека живееле во Титовиот период.

Т. Ајтовски

Share

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
__ ЗАГАДЕНОСТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ __ EAQI - European Air Quality Index е мерка која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на државната мерна станица на ул. „Глигор Апостолов - Гочо“ во дворот на СОУ “Љупчо Сантов“. Покажува загаденост според Европската скала за AQI од 0 до 100, при што колку е повисока мерката, толку е позагаден воздухот.
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 61 гости и нема членови


web counter



qr code