Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Krazba Spancevo18.11.2014  Разбојник или разбојници заминале со 13 илјади евра плен од куќата на З.С. од кочанското село Спанчево. Кражбата, според ограбениот, се случила во понеделникот, во периодот меѓу 9 и 20 часот, кога во куќата немало никој.

Незабележани од соседите, со соодветен алат, непознатиот или непознатите сторители насилно ја отвориле споредната врата од летната кујна, по што влегле во куќата.

Испревртената покуќнина за оштетениот 33-годишен спанчевец, била знак дека крадците нервозно ги пребарувале собите барајќи вредни предмети и во тоа успеале. Девизите во различни апоени, ги пронашле во спалната.

Засега истражните полициски органи не откриваат други детали. Истрагата и потрагата по крадците е во тек.

Со три убиства во изминатиот период и последната тешка кражба Спанчево од мирно село полека станува лидер на црната крими-листа на кочанската полиција.

Слична сума пари недодман беше украденаи во виничкото село Лески при што полицијата откри четири крадци од Кочани против кои поднесе кривични пријави за извршена тешка кражба.

Т. Ајтовски

Share

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
__ ЗАГАДЕНОСТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ __ EAQI - European Air Quality Index е мерка која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на државната мерна станица на ул. „Глигор Апостолов - Гочо“ во дворот на СОУ “Љупчо Сантов“. Покажува загаденост според Европската скала за AQI од 0 до 100, при што колку е повисока мерката, толку е позагаден воздухот.
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 56 гости и нема членови


web counter



qr code