Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

borov cetnik218.11.2014  Околу 300 хектари борова шума е зафатена од боровиот четник што им нанесува сериозна штета на дрвјата и го ослабнува стеблото.

Од шумското стопанство „Осогово“ појаснуваат дека нема место за паника оти од зафатените делови со боров четник со посилен интензитет и најзагрозени се само околу 70 хектари шума.

Иако состојбата со боровиот четник низ боровата шума во Осоговијата не е на завидно ниво, сепак во ШС „Осогово“ се оптимисти дека тоа нема опасно да влијае врз шумата оти годинава беше влажна и не би требало да има големи штети.

Орце Димитров, директор на ШС „Осогово“ вели дека станува збор за примарен штетник и како таков физиолошки го ослабнува стеблото, но влажното лето благопријатно делуваше на боровите стебла и затоа не дозволи да се појават штети врз стеблата кои сега се во релативно добра состојба.

Инаку, Димитров појасни дека опасноста од подкорници е исклучена, така што оваа година не се очекува сушење на боровите стебла.

Димитров додаде дека механичко чистење на боровиот четник нема да се прави. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство годинава требаше да спроведе акција за авионско третирање на штетникот, но истата не беше реализирана поради немање доволно финансиски средства. За тоа ќе се размислува следната година.

Т. Велкова

Share

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: NE при 9 kmh
Среда4°C/13°C
Четврток2°C/12°C
Петок1°C/12°C
Сабота2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 86 гости и нема членови


web counter



qr code