Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

odron kocani delcevo10.12.2014  Неколку одрони на карпи беа причина за отежнатото одвивање на сообраќајот на патните правци од Кочани кон Делчево и Берово.

Особено сериозна состојбата беше на делницата кон браната Калиманци каде карпа со пречник од два метри и тешка еден тон се најде на асфалтот. Во моментот на паѓањето на истото место поминувало комбе при што од ударот е потешко оштетено. За среќа возачот поминал без повреди.

Во текот на вечерните часови екипа на кочанската подружница на “Македонија пат“ со механизација интервенирала во отстранувањето на оштетеното возило, а потоа и на карпата, по што сообраќајот бил нормализиран.

Исто така, интервенции имало и на неколку други локации на патот кон Делчево, а најголеми одрони имало кај месноста Каменолом, каде расчистувањето траело околу еден час. Помали интервенции за чистење на коловозот имало и кон локалитетот Обозна за што е користено товарно возило со нож.

Исто така, дежурна екипа синоќа и од изутрината работела на расчистување на навевите од снег на патниот правец на Пониква. Коловозот до планинскиот центар е прооден со извесни остатоци од снег на делницата од поранешниот мотел “Шарена чешма“ до паркингот кај одморалиштето на МВР. Иако снегот престана да паѓа во текот на попладневните часови, активирани се дежурни екипи кои ја следат состојбата на терен.

Посебно критично може да биде во доцните вечерни и раните утрински часови кога на одредени емста можна е појава на подмрзнувања на коловозот. Поради тоа од “Македонија пат“ апелираат до возачите да возат внимателно и брзината на возилата да ја прилагодуваат според условите на патот.

Т. Ајтовски

Share

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NNE при 20 kmh
Четврток2°C/11°C
Петок3°C/13°C
Сабота2°C/12°C
Недела7°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 74 гости и нема членови


web counter



qr code