Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

nesreka taksi grcija12.12.2014  Само сплетот на околности и големата среќа го спасиле 42-годишниот Тоше Стојменов, возач во авто такси компанијата “Џокер“ од поплавите во Северна Грција.

Како што веќе информиравме, возилото со кое тој превезувал грчки патник, во близина на градот Кукуш наишло на надојдена вода на патот по што било повлечено во каналот во непосредна близина.

Сепак, успеал да излезе од него и да се спаси, по што откако бил сослушан од полицијата за настанот беше пуштен да се врати во Макеоднија.

Поради стресот што го доживеал не можеше да зборува пред камера, па ситуацијата во која се нашол ja објасни сопственикот на такси компанијата.

- Чиста среќа имал да излезе и да се спаси од оваа несреќа, затоа што прво излегол грчкиот државјанин од возилото, па по него излегол и таксистот. Тоа значи дека двајцата во оваа ситуација си помагале еден на друг за да се спасат од несреќата, Јоцo Каров, сопственик на такси компанија “Џокер“- Кочани

По излегувањерто од возилото, додека нашиот возач отишол неколку километри подалеку од местото на настанот за да побара помош и да ја пријави нереќата, грчкиот патник исчезнал. Подоцна спасувачите го пронашле починат, а лоцирано било и оштетеното возило од надојдената вода.

Сопственикот на “Џокер“ изрази благодарност за поддршката што ја добиле од нашите дипломатски претставници во Грција.

- Сакам во оваа прилика да нагласам голема благодарност до амбасадата во Атина, до конзулатот во Солун, дека за цело време беа со нас и ни пружаа голема поддршка во секој поглед и уште еднаш благодарност за сите чинители во случајот, додаде Каров.

Голема коректност кон нашиот возач покажале и грчките истражни органи, кои професионално ја завршиле истражната постапка, по што на Стојменов му беше дозволено да се врати во Македонија.

Т. Ајтовски

Share

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 41 гости и нема членови


web counter



qr code