Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Ulica Teodosija Paunov15.12.2014  Аматерска изведба во санирањето на коловозот по копањето на каналите во кои беше поставена атмосферската канализација на улицата “Тодосија Паунов“ во Кочани.

Таква е констатцијата на возачите кои со своите возила поминуваат по неа, затоа што на одделни места висинската разлика меѓу стариот и новопоставениот асфалтен слој изнесува скоро десетина сантиметри. Тоа е доволно да се оштетат гумите, но и управувачкиот механизам на возилата.

За да го избегнат високите рабови на претходно машински исечениот асфалт, возачите се приморани да возат лево-десно по улицита.

На одделни места и шахтите се поставени повисоко од околниот асфалт, па поминувањето преку нив е смрт за предниот дел на возилата, додаваат анкетираните граѓани.

- Пред еден месец си купив нови гуми, сега ми се скинати и треба други да купувам. Нека земат да направат некоја акција, за да се заврши подобро патот, си ги кинеме гумите, нови ли ќе купиме, за еден месец ќе треба други да ставиме... Патот е катастрофа, наместо да го направат, тие повеќе го расипаа, сите коли ги испокршивме. Дупки колку сакаш, гумите ги испосековме.... Патот треба да се врати во првобитна состојба бидејќи мислам дека механизацијата стои и веројатно ќе се употреби за да се среди како што треба, рекоа возачите.

Нерамнини на коловозот има по целата должина, онаму каде што беше поставена атмосферската канализација. На местото на стариот асфалт, сега е поставен нов, но од тежината на возилата тој веќе е понизок, со што се прави канал. Него возачите се обидуваат да го избегнат, па среќа е што до сега освен оштетувањата на гумите не се случила сообраќајна несреќа.

Своето незадоволство од квалитетот на изведбата на градежните работи граѓаните веќе го изразуваат и на социјалните мрежи, каде бараат Локалната самоуправа, која е инвеститор за атмосферската канализација, да интервенира кај изведувачот.

Т. Ајтовски

Share

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 97 гости и нема членови


web counter



qr code