Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Avk24.07.2013  И Чешиново-Облешево на својата територија ќе реализира авионско прскање против комарците. Запрашувањето е  планирано да се реализира в петок, со почеток од 5 часот и ќе трае околу три часа.

Границата на третирањето започнува  во близина на мостот на  Злетовска река и се движи по течението на реката Брегалница до висина на селото Теранци. Со третирањето, освен оризовите полиња ќе бидат опфатени и населените места Жиганци, Соколарци, Спанчево, Уларци, Чешиново, Облешево, Бурилчево, Кучичино, Бања, Чифлик, Теранци.

Вкупното третирање ќе биде извршено на територија со површина од 900 хектари.

Вклучувањето  на соседната општина во групата на осум приоритетни локации што ги определи државата, помогна и овде да се реализира втора фаза од т.н. аеросолна адултицидна дезинсекција. Средствата за набавка на хемискиот препрат и за услугата за авиозапрашување ги обезбедија министерствата за здравство и за транспорт и врски.

Од Општината велат дека во случај на врнежи, прскањето ќе биде одложено за наредниот ден. Исто така, ги известуваат пчеларите дека во времето на третирање и 3-4 часа потоа треба да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

Општината Чешиново – Облешево годинава веќе изврши едно третирање минатиот месец, и тоа се спроведе од земја. Авионско запрашување пак, имаше и минатата година при што беа опфатени над 1000 хектари.

Т. Ајтовски

Сподели

Avionsko-Prskanje-2

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: North при 2 kmh
Четврток-3°C/13°C
Петок-3°C/12°C
Сабота-3°C/9°C
Недела0°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 117 гости и нема членови


web counter



qr code