25.12.2014 Владата ја менува одлуката за проширување на постојниот пат меѓу Штип и Кочани и негова надградба во експресен пат.
Деновиве на состанок во Министерството за транспорт и врски бил разгледуван предлогот на нова траса да се изгради сосема нов крак од автопатот Миладиновци – Штип кон Кочани.
Измените во досегашното решение за подобрување на сообраќајната инфраструктура во регионот јавно ја соопшти градоналачникот Ратко Димитровски.
- Наместо да се надградува сегашниот постоен пат од Штип до Кочани, веројатно ќе имаме еден крак од автопатското решение, односно Кочани ќе биде поврзано не со Штиоп, туку со Три Чешми, односно овие две места ќе бидат поврзани со еден експресен пат на кој што брзината ќе биде 120 километри на час. Сметам дека за стопанството е мошне важно за понатамошбното развивање, односно за проширување на онаа дејност што ја имаме, рече Ратко Димитровски, градоначалник на Општина Кочани.
Димитровски не соопшти други детали околу причините поради кои се менуваат првичните најави дека сегашниоит магистрален ќе се надгради во експресен пат. Со тоа се менува целата концепција постојната траса да остане иста, односно да поминува низ населените места како до сега.
Неофицијално, кракот што треба да се гради ќе поминува на северната страна од Кочанската Котлина, односно во близна на селата Бања, Соколарци, Спанчево и понатаму кон штипско Три Чешми.
Официјална потврда од Владата за договорените измени се очекува да пристигнат деновиве, со што се отвора можност во иднина и Кочани да биде приклучен на автопатот до Штип.
Т. Ајтовски
©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube}
|700|525|0{/youtube}