Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

zacuvuvanje priroda25.12.2014  Пред две години во Макеоднија започна реализацијата на Програматa за зачувување на природата што ја финансира швајцарската агенција за развој и соработка.

Таа ќе се спроведе во две фази, од кои првата до крајот на 2016 година.

Во Кочани се одржа заеднички состанок на претставници од Програмата и на граѓанските здруженија од Брегалничкиот регион, при што беа потпишни договорите за финансирање на предлог-проектите со кои ќе се работи на зачувување на природата и одржливото управување со ресурсите.

- Вкупниот буџет на оваа програма е околу 5 милиони швајцарски франци и тука најголеми активности што се предвидени и веќе се во тек на реализација се просторниот план за Источниот плански регион, потоа Национална стратегија за заштита на природата, стратегија за развој на туризмот во регионот, активности за поддршка на агро биодиверзитетот и неговото зачувување, прогласување на заштитени подрачја и една компонента што е многу интересна затоа што има брзи и видливи резултати, а тоа е поддршка на невладините организации и општините со мали проекти, рече Марјана Шушлевска, програмски координатор.

Програмата за зачувување на природата во Македонија треба да помогне во одржувањето на големата биолошка разновидност и природните еко-системи, со промоција на нивното одржливо користење и управување.

- До крајот на рокот за аплицирање добивме вкупно 33 апликации, од кои во финалната фаза по посетата на лице место и по детална анализа се селктирани вкупно 9 проекти што ќе се имплементираат во Брегалничкиот регион. Од нив 3 се однесуваат на практики за  енергетска ефикасност и искористување на обновливите извори на енергија, а 6 проекти се однесуваа во делот на конкретни мерки за зачувување на природата. Значи, добитниците се здруженија на граѓани кои  ќе ги имплементираат проектите заедно со локалното население и со индституциите од општините од Брегалничкиот регион, рече Јасминка Пашалиска Андоновска, координатор за локални активности.

Во зависност од активностите што треба да се спроведат, проектите ќе траат од 6 до 10 мжнесеци, по што треба да дадат видливи резултати. Целиот концепт е произлезен од потребата на граѓаните и институциите, за што минатата година била направена јавна анкета на регионално ниво.

Т. Ајтовски

Share

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
__ ЗАГАДЕНОСТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ __ EAQI - European Air Quality Index е мерка која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на државната мерна станица на ул. „Глигор Апостолов - Гочо“ во дворот на СОУ “Љупчо Сантов“. Покажува загаденост според Европската скала за AQI од 0 до 100, при што колку е повисока мерката, толку е позагаден воздухот.
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 38 гости и нема членови


web counter



qr code