X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Dzamija Minare30.12.2014  Минатата недела до темел беше срушено минарето на Дуди Ханум џамијата во Кочани. Таква одлука донел џамискиот одбор откако било констатирано дека тоа е оштетено и постои можност од рушење.

Со оглед што беше долепено до џамијата, се појавила и влага на внатрешниите ѕидови, поради што неколкупати се правеле обиди за реновирање и заштита. Оџата во џамијата вели дека тоа била и главната причина зошто се решиле за рушење на старото и подготвка на план за изградба на ново минаре.

- Причината зошто гo рушиме е затоа што има многу голема влага овде, проблемот е што овде и во џамијата ни влегува многу вода. Прво ни беше целта да го реновираме, нешто да се направи за да не ни влегува влага во просториите.

Почнавме да го реновираме, но тоа почна само да се руши и затоа целосно го срушивме. Сега сме во тек на изградба на ново минаре, да се направи, рече Абдулмеџит Еркан, оџа во Дуди Ханум џамија – Кочани.

Кога почнале да го рушат минарето откриле дека внатре има многу кал и вода, поради што влагата се пробила и во објектот на џамијата.

Сите муслимански верници решиле да дадат финансиски средства според своите можности за да се изготви технички проект и да се платата дел од трошоците за новото минаре. Поддршка за тоа била добиена и од Исламската верска заедница, а дел ќе спонзорира и фирмата што ќе ги изведува градежните работи.

- Ќе биде како што беше претходното, затоа што се смета за историско наследство, па ќе се направи исто како што беше порано. Затоа што и црквата има камбана и џамијата мора да има минаре. Ние мора братски да живееме во еден ист град, не треба да има поделба затоа што господ е еден за сите, додава оџата Еркан.

Техничкиот проект и изведбата ќе ја прави фирма од Тетово што има долгогодишно искуство во изградбата на вакви објекти. Според верскиот старешина, новото минаре ќе биде со истите димензии што ги имаше претходното, само што при градбата тоа ќе се оддалечи околу половина метар од џамијата, за во иднина да се избегне можноста за повторна појава на влага.

Доколку послужат временските услови се очекува новото минаре да биде готово до почетокот на февруари. Оџата Еркан ја искористи можноста на сите христијански верници да им го честита Божик и новогодишните празници.

Т. Ајтовски

Share

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

3°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: North при 0 kmh
Недела1°C/6°C
Понеделник2°C/6°C
Вторник-3°C/4°C
Среда-3°C/4°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 83 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click