Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Policiski Bilten13.01.2015  Надворешната канцеларија за кривични работи од Делчево до обвинителството поднесе кривична пријава против 19-годишниот К.Ј., 21-годишниот Н.Г. и 17-годишниот Д.А. сите од Оризари, како и против 26-годишниот И.П. од Кочани и 16-годишниот В.К. од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение дека сториле  кривично дело „тешка кражба“ и кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

На 27 ноември минатата година пријавените со намера да се стекнат со противправна имотна корист со употреба на физичка сила влегле преку мал прозорец во куќа во Македонска Каменица и одзеле 10.000 денари, еден телевизор и картичка за банкомат. Подоцна од картичката Д.А. и Н.Г. неовластено подигнале 60.000 денари.

Полициската станица - Кочани пак, поднесе кривична пријава против 42-годишниот Ф.Ј. од Кочани, за сторени две кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „лажно пријавување на кривично дело“.

На 25 октомври минатата година, лицето во кочанската полиција пријавил дека неговиот брат Е.Ј. во својот дом каде заедно живеат неовластено чувал четири бомби и два пиштоли. Полициски службеници извршиле претрес при што пронашле хемиска рачна бомба. По извршен разговор е утврдено дека по настаната расправија помеѓу браќата, Е.Ј. му ја одзел бомбата на Ф.Ј. и ја чувал кај него.

Инаку, пријавениот кон крајот на август 2014 година, неовластено ја набавил бомбата од лице од Кочани, кое пак ја пронашло во контејнер во градот.

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

1°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: North при 0 kmh
Петок6°C/14°C
Сабота3°C/12°C
Недела-2°C/7°C
Понеделник-4°C/4°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 76 гости и нема членови


web counter



qr code