Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Vodici Kocani 2015 119.01.2015  19-годишниот Христијан Стоименов од Кочани беше најсреќен меѓу 70-те пријавени момчиња кои скокаа по крстот во водите на Kочанска Река по повод празникот Богојавление - Водици. Ова е втор пат Светиот крст да отиде во рацете на Стоименов, прв пат го фати во 2013 година кога била многу успешна за него и за неговите блиски.

Најсреќниот Стоименов со неговите другари, според обичајот, ќе ги посетат семејствата во градот, кои го даруваат крстот со пари за здравје и среќа. Тој пред сите присутни ја даде христијанската заклетва.

- Јас, Христијан Стоименов, изјавувам дека со овој Свет крст ќе ги посетам сите православни домови во рамките на моите можности и ќе се раководам според условот на Македонската православна црква и со истиот ќе се однесувам достоинствено и христијански и ќе го вратам на надлежните лица во храмот „Св. Вмч. Ѓорѓи“ во Кочани.

Втор пат го фаќам крстот и првата година кога го фатив беше среќна година за мене и за моите блиски. Искрено очекував дека годинава пак ќе го фатам крстот, рече Христијан Стоименов.

Празнувањето на верскиот празник Водици во Кочани е еден од најмасовните црковно - верски манифестации. Тоа беше потврдено и годинава кога покрај кејот на кочанска река присуствуваа голем број верници. Чинот на потопување на Светиот крст и осветување на водата го изврши Митрополитот Брегалнички Иларион.

- Бог се јави – Навистина се јави! Честит и благословен празникот. Традиционално кај македонскиот народ секоја година на празникот Водици Богојавление Светиот крст се фрла во водите кој што го симболизира Христа кој што се крштеваше на Јордан од Јован заради нас и наше спасение. Посакуваме Бог да ги благослови сите води во овој град, во татковината наша и секаде во светот, да даде изобилие и плодови, мир и благосостојба, многу радост, здравје и среќа на луѓето, а на момчето кое што го фати крстот нека му донесе мирен и спокоен живот во Христа, радост и да му ги исполни сите желби,рече г. Иларион, Митрополит Брегалнички.

Годинава чинот на потопување на крстот помина без многу награди за момчето кое го фати. Причината е да не бидат наградите повод да се пријавуваат момчињата за скокање, туку верата во Бог. Од градоначалникот Ратко Димитровски доби златник, а од кочанскиот храм Библија.

- Ме радува што овие наши традиции ги славиме заедно, ме радува тоа што и овој пат граѓаните на Кочани излегоа масовно да го проследат настанот и во такво големо присуство се изврши чинот. Поздрав до сите кои денеска го слават својот именден и да имаме мирна, плодна и успешна година, рече Ратко Димитровски, градоначалник на Општина Кочани.

Пред одржување на чинот на потопување на честниот крст во храмот „Св. Вмч. Ѓорги“ се одржа Света Божествена литургија по што со свечена литија верниците и свештениците се упатија кон мостот во паркот каде се потопуваше крстот. Успешно помина и лицитацијата на иконите и крстот кој беше продаден по највисока цена од 36.500 денари, а го купи Александра Андова од Кочани. Меѓу другите верници, икони купија и градоначалникот Димитровски и пратеникот Иван Иванов. Оние кои ги купија иконите ќе ги чуваат во своите домови 40 дена за здравје, по што ќе бидат вратени во црквата.

Празникот Богојавление е поврзан со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од Свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител, а фаќањето на крстот означува соединување на човекот со Христа.

Т. Велкова

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NNE при 13 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 196 гости и нема членови


web counter



qr code