Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Martin 123.01.2015  Kаратистот на кочански „Партизан“, Мартин Стојменов е избран за спортист на Кочани за 2014 година. Едногласно, со шест десетки од претставниците на Сојузот на спортови и од Асоцијацијата на новинарите од Кочани, Стојменов третпат едноподруго го добива највисокото спортско признание на Кочани.

Признанието беше образложено со тоа што меѓу многуте награди на домашни и меѓународни натпревари, тој го освои третото место на Европското првенство во Лисабон, а на светската карате ранг листа кочанскиот каратист е дванаесетти.

Од листата од петнаесет пријавени за избор на спортист на годината, високи позиции добија фудбалерката ЖФК „Кочани“, Ана Веселинова, каратистот на „Партизан“, Димитар Јакимов и гимнастичарот Ненад Атанасовски.

За млад надежен спортист е избран единаесетгодишниот Роберто Здравковски, член на Карате клубот „Партизан“. Веднаш зад него е кошаркарот на „Баскет Дино“, Андреј Данилов, а трет е Антонио Јаношевиќ од Клубот за гимнастички спортови „Кочани“.

Женскиот фудбалски клуб „Кочани“, кој во 2014 година беше првак во Женската македонска фудбалска лига и шампион во Купот на Македонија – жени, е прогласен за најуспешна екипа, а нејзиниот тренер Оливер Јовановски е избран за најдобар тренер.

Признанието најдобар спортски работник за 2014 оди кај Владо Андов од ЖФК „Кочани“.

На изборот едногласно беше решено, по повод 35-годишнината од искачувањето на планинарската експедиција од Кочани на Мон Блан, на учесниците во овој спортски подвиг да им биде доделено признание за трајни вредности во спортот.

Доделувањето на наградите и признанијата за најуспешните во спортот во 2014 година е закажано за в четврток, 29 јануари, во 19 ч. во ресторанот „Национал“ во Кочани.

Т. Ајтовски

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

1°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: North при 0 kmh
Петок6°C/14°C
Сабота3°C/12°C
Недела-2°C/7°C
Понеделник-4°C/4°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 72 гости и нема членови


web counter



qr code