Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

poplava bel kamen23.01.2015  По секој пороен дожд улицата „Бел камен“ е претворена во езеро. Водата влегува во домовите на жителите кои живеат таму. Посигурните возачи на автомобили поминуваат преку новоформираното езерце, а некои се приморани да се враќаат назад.

Овој проблем со години се провлекува на улицата. Жителите потпишале и петиција и сеобратиле до надлежните во општината за решавање на проблемот, но досега не е преземено ништо.

- Вака со поплави сме при секој пороен дожд. Водата не само што влегува во домовите туку излегува и од сливниците на тоалетите. Се пожаливме во Општината ама до сега не е направено ништо, рече Блага Анчева, жител на улицата „Бел Камен“.

-Десет пати бев во Општината и од таму ме фатија за ракавот и ме исфрлија како партал. Вика зошто сум влегла без лична карта. Сме направиле нова кујна сега треба да ја фрлиме, вака не бива. Мора да се реши ова, рече Катерина Постолова, жител на улицата „Бел Камен“.

- Секогаш кога врне ние си имаме проблеми. Дома ставаме песок во кесиња и ги заштитуваме тоалетите. Проблемот е што се направи дол како една нова уличка и сега ни прави проблем. Или треба да се копа тука низ дворовите или некако да се изведе по главната улица, рече Сашко Клименков, жител на улицата „Бел камен“.

Поплавени улици и домови не е само проблем на жителите од оваа улица. Канал 8 регистрираше поплавени улици и домови во повеќе делови од градот.

Т. Велкова

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

1°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: North при 0 kmh
Петок6°C/14°C
Сабота3°C/12°C
Недела-2°C/7°C
Понеделник-4°C/4°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 79 гости и нема членови


web counter



qr code