Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

soobrakajka ratko06.02.2015  Градоначалникот Ратко Димитровски доцна попладнево доживеа сообраќајна незгода. Причинета е материјална штета на предната страна од возилото со кое се превезувал, а првиот човек на Општината остана неповреден.

Службите го отстрануваа возилото од со регистерски таблички КО-0001-ОА, сопственост на Локалната самоуправа од улицата “Тодосија Паунов“.

Според официјалната информација од Секторо за внатрешни работи - Штип, незгодата се случила во 17,10 часот на кростосницата помеѓу улиците “Тодосија Паунов“ и “Солунска“, кај поранешната фабрика за хартија.

Градоначалникот Димитровски со своето службено возило “фолксваген пасат“ се движел во правец кон центарот на градот кога на него наишол “голф“, при што дошло до контакт меѓу двете возила.

На терен излезе увидна екипа која ги утврдуваше причините за незгодата. За време на увидот немаше застој во сообраќајот кој за тоа време се одвиваше по едната коловозна лента.

Г. Лалов

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: NE при 9 kmh
Среда4°C/13°C
Четврток2°C/12°C
Петок1°C/12°C
Сабота2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 85 гости и нема членови


web counter



qr code