Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Switch24.02.2015  Релативно младата кочанска рок група Свич деновиве ја заврши подготовката на видео спотот за својата прва авторска нумера под наслов “Те сакам“.

Официјалната промоција на спотот и песната веќе е завршена, а четворицата членови на групата очекуваат тоа да им биде препознатлив белег на домашната музичка сцена. Снимањето на аудио записот, како и изработката на видеото се во соработка со луѓе од Кочани.

- Ние постоиме година ипол, свириме поп-рок, преработки на познати странски и македонски хитови. Значи, имаме и наша песна, денес е промоцијата на првиот наш аудио и видео запис на “Те сакам“, рече Александар Русески, гитарист.

- Сите четворица сме од почетокот на групата, значи година ипол како постоиме, но со Александар свириме веќе од средна школа, повеќе од 10 години. Идејата беше на Александар, ние и порано свиревме заедно и така сега се собравме пак да свириме заедно, рече Стојан Лазаров, басист.

Видео спотот е сниман на неколку локации во Кочани и околината. Членовите на групата Свич планираат поширока негова презентација, како и излегување од локални рамки.

- Музиката е наша, и текстот е наш, значи автори сме на самата песна. Учествувавме на Т`к Так фестивалот во Кавадарци, таму освоивме трето место за аудио запис за наша авторска песна. Аудио записот го направивме кај Јордан Манов, додека видео записот го направи Миле Лефков, рече Катерина Стојова, вокалист.

- Се занимавам 20 години со тапанарство, ама до сега ова е најдобра група со која што можам да свирам. Сега ова ни е прва песна што е готова, имаме уште две готови и уште една што се прави. Се подготвува албум, малку тоа тешко оди, но се надеваме дека во рок од една година дека ќе биде готов, рече Зоран Цеков, тапанар.

Публиката од Кочани новиот спот на Свич веќе може да го види на интернет, на видео каналот Јутјуб, како и на програмата на Канал 8 телевизија.

Т. Ајтовски

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 59 гости и нема членови


web counter



qr code