Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Topla Voda vidoviste25.02.2015  На 50-тина метри од последните куќи на западната страна на селото Видовиште се појави извор на геотермална вода. Први го забележале членовите на семејството Штерјови кои токму на местото каде што се појавила водата имаат нива засеана со есенско жито.

Сепак, не се изненадиле што одеднаш во средината на имотот се создал голем поток, затоа што според сеќавањата и кажувањата на нивните постари предци и порано овде се појавувала топла вода од земјата.

- Постоела една бања тука, стара е, за која еден кустос кажуваше дека е од римско време, па ја користеле Турците како амам. Потоа нашите стари кажуваа дека биле сушни години и водата прекинала, Тирците се иселиле и бањата, амамот се растура, рече Мијалче Штерјов, жител на Видовиште.

Пред неколку децении, кога се правеле геолошки истражувања на другите извори во кочанскиот регион, имало стручни испитувања и на оваа локација.

- Кога  дупчеа за топлите води од Геолошкиот завод од Словенија беа тука и направија две дупчења, и од двете излезе топла вода. Кажаа дека на длабочина од 12 метри е водата, токму на овој дел и дека е млака, со 18 степени, и дека ја има, многу јака е, има подземни води, и се слива долу во Брегалница, додава Штерјов.

Како доказ дека водата што излегува на ова место има повисока температура од другите извори во околината е што житото во нивата во близина на изворот побрзо напредува. Во минатото жителите на Видовиште ги користеле благодетите на топлата вода, пред се за одржување на хигиената во домовите.

- За перење знам се користеше, нашите баби, мајки поставуваа котли и кога ќе дојдеше време, обично напролет кога е време за чистење, за Велигден на чист понеделник, ќе дојдат тука, постават, исперат и си одат, рече Штерјов.

Штерјов вели дека во периодот кога можело нешто да се направи со топлата вода, луѓето биле на школување, во странство или на работа во други градови, па ја испуштиле можноста, Сега пак, интересот за нејзино искористување е зголемен, но вели дека тие навлегле во постари години, а помладите веќе го напуштиле селото, па потенцијалот на изворот најверојатно ќе остане неискористен.

Т. Ајтовски

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NNE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 157 гости и нема членови


web counter



qr code