Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Osvetluvanje-311.03.2015  Вкупно 53 милиони денари ќе намени Општина Кочани за реконструкција и модернизирање на јавното осветлување во градот и населбата Оризари.

Тоа е до сега највисоката сума што локалната власт ќе ја потроши за тековно одржување и набавка на потребната опрема за постојните светлински места, но и за набавка на нови, посовремени светилки.

Со инвестицијата сегашните живини светилки на столбовите ќе се заменат со современо т.н. солид стејт лајт осветлување, односно ЛЕД светилки. Тие треба да овозможат поголема енергетска ефикасност, односно заштеда на електрична енергија што ќе изнесува околу 75% во однос на сегашната потрошувачка.

Во градот и другите населени места има околу 3200 светлечки места, од кои најголемиот дел се со класични светилки кои просечно годишно трошат над 220 илјади евра.

Тендерот за избор на фирма која ќе го врши одржувањето, реконструкцијата и модернизацијата на јавното осветлување заврши пред два дена. Во него детално беа опишани местата каде ќе се врши замената, а нагласена е и обврската на изведувачот да ја одржува опремата во договорениот период. Избраниот најповолен понудувач по потпишување на договорот, ќе има обврска да испорача вкупно 2795 нови ЛЕД светлински арматури кои треба да ги монтира, поврзе и инсталира на постоечките столбови.

Според условите во тендерската документација aнгажираната електрична снага, по замена на светилките, не треба да биде поголема од 177 kW, што во однос на сегашната потрошувачка од над 467 kW треба да обезбеди скоро трипати поголема заштеда на електрична енергија.

Со Програмата за јавно осветлување за оваа година се очекува од таксата што ја плаќаат граѓаните и претпријатијата да се соберат 22 милиони и 500 илјади денари.

Т. Ајтовски

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 73 гости и нема членови


web counter



qr code