Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

traktor117.03.2015  Необична несреќа што завршила со тешки телесни повреди кај едно лице се случила во понеделникот претпладне во селото Тркање. Причина за несреќата е невнимание, што можело да има кобни последици.

Управувајќи го сопствениот трактор 60-годишниот Т.Б. влегол со него во сопствениот двор каде што вообичаено го паркирал и отишол во куќата за да заврши друга работа. Притоа заборавил да го исклучи моторот на машината и во еден момент забележал дека таа почнала неконтролирано да се движи.

Во обид набрзина да се качи на тракторот и да го запре, невнимателно згазнал и од него паднал на земја, по што едно од тркалата го прегазило.

Најблиските се обиделе веднаш да му укажат помош, по што со тешки телесни повреди бил пренесен во кочанската Општа болница. Таму лекарите констатирале дека се работи за сериозни последици од несреќата, поради што го упатиле 60-годишниот тракторист на лекување во Клиничкиот центар во Скопје.

T. Aјтовски

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 60 гости и нема членови


web counter



qr code