Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

sahisti117.03.2015  Лоши денови за опстојувањето на шаховскиот клуб “Кочани“ предвидуваат неговите членови откако по губењето на постојаниот спонзор, сега ќе останат и без просториите во кои ги играа натпреварите и се дружеа.

Локалната самоуправа, која е сопственик на просториите, неодамна објави оглас за нивно издавање под закуп, по што се пријавила заинтересирана фирма и потпишала 10-годишен договор за користење. Со тоа шахистите се доведуваат во шах-мат ситуација од која не знаат како да излезат.

Се уште не добиле официјално известување од Општината дека просториите се издадени на друг корисник, ниту пак знаат кога е последниот рок до кој треба да се иселат.

Единстевно што ги плаши е дека ќе останат на улица, по што клубот може и да престане да работи.

- И ние сме сега во неизвесност, не знаеме дали ќе опстане клубот и каде ќе бидеме сместени, бидејќи шаховскиот клуб неколку пати се сели, а во оваа просторија функционираме од 1998 година, веќе 17 години. Сакаме да опстанеме, овде ни е едно место во кое се дружиме, играме шах, рече Митко Петрушев. член на ШК “Кочани“.

Шаховскиот клуб “Кочани“ е еден од најактивните и најуспешните во државата. Петрушев вели дека секојдневно е посетуван од поголем број љубители на шахот, без разлика на возраста и познавањето на тајните на играта на 64 полиња.

- Минатата година одржавме градско првенство, а шаховскиот клуб во Кочани е со традиција, постои повеќе од 50 години, имаме резултати, тоа го знаат сите дека ние сме најмалку трето или второ место во Македонија и ќе биде штета за еден таков клуб, кој не бара никакви средства, освен оваа просторија. Да ни се овозможи и понатаму да функционираме тука, ќе биде добро за сите нас, додава Петрушев.

Од општинската администрација дадоа само кратка потврда дека успешно завршил огласот за издавање на повеќе простории што се сопственост на Локалната самоуправа. Меѓу нив се и просториите со површина од 56 метри квадратни, сместени во Трговскиот центар, а што до сега ги користел кочанскиот шаховски клуб. Постигнатата цена за месечна закупнина била нешто повисока од почетните 6.000 денари, за што новиот корисник се обрзал дека редовно ќе ги уплаќа според потпишаниот договор.

Шахистите велат дека ќе бараат средба со првите луѓе на Општината за да се надмине проблемот, односно тие да не останат на улица, а клубот да згасне.

Т. Ајтовски

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 60 гости и нема членови


web counter



qr code