Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

tret protest srednoskloci20.03.2015  Учениците од СОУ “Љупчо Сантов“ го реализираа најавениот трет протест. Излегоа на кочанските улици и го блокираа собраќајот на крстосницата од улиците “Тодосија Паунов“, “Глигор Апосотлов – Гочо“ и “Стево Теодосиевски“.

Тоа е дел од нивните најави дека ќе гo радикализираат начинот на кој ќе бараат исполнување на нивните барања што ги искажаа уште пред десет дена.

Причината за блокадата било тоа што надлежните и понатаму биле глуви за нивните ставови и не понудиле дијалог за барањата за полагањето на матурскиот и на екстерниот испит.

- Нашите барања се добро познати, не за математика за државна матура и целосна промена на концептот на екстерно тестирање. Очигледно дека надлежните кои се одоговорни за образованието не сакаат да не слушнат и затоа по кочанските улици еве од денеска ќе се случува ова. Ќе има блокада на улиците и ќе почнеме со порадикални мерки, рече Иван Коцев, претседател на младинската организација при СОУ “Љупчо Сантов“.

За разлика од претходните два протеста кога излегоа повеќе ученици, очигледно беше дека на третиот нивниот број е далеку помал. Според Коцев, тоа има своја позадина за што се свесни, но тоа нема да ги одврати од намерата.

- Во однос на тоа што сме во помал број излезени можам да кажам дека се работи за притисоци, но не за притисоци од страна на директорот или од стручните служби во училиштето, не за такви притисоци, туку за притисок од друга страна, од политичка страна доаѓа, и се врши врз родителите и врз учениците, додава Коцев.

Учениците повторија дека се единствени во ставот да останат на улица се до исполнување на нивните барања. Најавија дека нема да ја бојкотираат наставата, а протестите ќе продолжат, при што ќе ја користат паузата меѓу првата и втората смена.

Од блокираната крстосница упатија порака дека ќе продолжат со сличен начин на искажување на незадоцолството,со апел да не се вмешува политиката во протестот, затоа што одлуката за него била само нивна, без влијание од политичките партии.

Т. Ајтовски

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 54 гости и нема членови


web counter



qr code