Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

patokaz ularci23.03.2015  Сечењето стебла од шума во близина на селото Уларци, што било оценето како нелегално, е причина за тепачката која што се случила викендов, а што можела да има посериозни последици.

Во саботата околу 20 часот, во близина на месноста Динки, лицето Б.З. заедно со своите синови товарел дрва во приколката од тракторот, при што биле забележани од лицето Т.Н. Сметајќи дека постапката што ја прават е нелегална тој им подвикнал на сечачите, барајќи да престанат со уништувањето на стеблата.

И наместо позитивен одговор од нив, Б.З. почнал да го навредува, а во еден момент неговите синови го фатиле за рацете, спречувајќи го да се движи.

Во меѓусебната расправија таткото дури ја запалил моторната пила со која претходно ги сечел дрвјата и почнал да му се заканува дека ќе го исече. Исплашен од постапката Т.Н. паднал на земја, при што Б.З. го нападнал удирајќи го со тупаници во пределот на главата. Откако согледале дека е совладан, напаѓачите го оставиле да лежи и си заминале.

Подоцна, нападнатиот го пријавил настанот во полиција. Од страна на полициски службеници од Полициската станица – Кочани, Б.З. бил приведен и против него е поднесена соодветна пријава.

Т. Ајтовски

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 43 гости и нема членови


web counter



qr code