Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Pat Jastrebnik30.03.2015  Оштетувања на коловозот се појавија на новоизградената делница од браната Гратче кон планинското село Јастребник. Причина за тоа се обилните врнежи од дожд и надојдената вода во околните долови што предизвика одрони од карпи и земја.

На одделни места асфалтот е напукнат и пропаднат, поради што возачите се принудени да возат внимателно и да ги заобиколуваат дупките за да ја избегнат опасноста.

На дел од патот над мостот на Мала Река се гледа дека коловозот е пропаднат во должина од неколку метри, а под асфалтната површина земјата е поткопана. Страничните канали за собирање на атмосферската вода покрај патот се преполни со земја и дрвја што ги донеле свлечиштата.

Видливи се обидите за чистење на одроните, но со сушењето на земјиштето во наредните денови тие се уште се закануваат да се најдат на патот.

Изградбата на патот кон Јастребник беше заедничка инвестиција на Општина Кочани и Агенцијата за поддршка во земјоделството и руралниот развој, при што во средината на минатата година беше завршена првата делница во должина од 710 метри и широчина од 4,5 метри. Целата инвестиција беше 4 милиони денари, а тогаш градоначалникот Димитровски најави дека изградбата на патот ќе продолжи со втората фаза.

- Наредната фаза од овој пат е од мостот на Мала Река  до Јастребник, а тоа и овде ќе го поделиме на два дела. Едниот дел ќе биде надминување на стрмните нагорнини. Тоа ќе го направиме ние од Општината со сопствени средства до крајот на годината, а оној другиот дел кој е порамен, до училиштето, односно до полјаната до каде е предвиден патот, ќе настојуваме заедно со Владата, односно со некои од мерките кои ги има оваа Агенција, истакна минатата година Ратко Димитровски, градоначалник на Општина Кочани.

Освен кај патот кон Јастребник, попуштање на коловозот има и кон хотелот “Гратче“, во непосредна близина на стариот мотел. И овде е забележливо дека асфалтот е испукан и е понизок за околу десетина сантиметри од околната површина, поради што неопходно е внимателно возење.

Т. Ајтовски

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 70 гости и нема членови


web counter



qr code