Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

stecajci430.07.2013  Педесетина стечајци, членови на здружението УНИТ се собраа пред зградата на Локалната самоуправа, за да го пречекаат градоначалникот при неговото доаѓање на работа. Рекоа дека само така можат да остварат средба со него, затоа што по неколкуте поднесени писмени барања до сега, не им било одговорено.

Причината за собирот, односно разговорот со Димитровски е да му укажат на претходното писмено одобрение од Советот на Oпштината за користење на салата на Мултикултурниот центар, што неколку месеци веќе за нив е заклучена.

Токму затоа, од него побараа одговор која е причината што не можат да го остварат граѓанското право да добијат просторија за да ги одржуваат своите состаноци.

- Причината е што сме биле под здружението од Куманово и сега требало исто такво да се регистрира повторно во Кочани за да ни ја одобрат салата. А од што да имаме пари да го направиме тоа кога 10 години сме без работа, а тоа сега му го кажавме и на градоначалникот, рече една стечајна работничка.

По краткиот разговор во дворот на Општината, градоначалникот побара од стечајците да оформат група со свои претставници, за заеднички да го разгледаат нивното  барање. Претходно им нагласил дека сепак ќе мораат да формираат свое здружение, независно од кумановското УНИТ.

- Не е проблем ние да го формираме, но тоа здружение е од привремен карактер, што би требало да згасне се надеваме  во најблиско време, штом се остварат нашите барања. Сега, настојуваме, а и тој се согласи, да разговараме со него, како да го формираме здружението за да не биде по опасност на луѓето, затоа што основачите ја сносат одговорноста за згаснување на здружението и финансиските средства што треба да бидат уплатени за таа цел, рече стечаен работник.

Подоцна дојде до средба меѓу градоначалникот и претставниците на стечајците, што тие ја оценија како коректна. Димитровски уште еднаш им укажал дека неопходно е да се формира здружение на стечајни работници со седиште во Кочани за да можат да ги користат општинските простории.

Во меѓувреме е разгледана правната процедура за таква постапка и на следниот состанок, в четврток, иницијативната група ќе ги извести членовите на УНИТ за натамошните чекори.

Т. Ајтовски

Сподели

stecajci10stecajci3stecajci15

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NNE при 20 kmh
Четврток2°C/11°C
Петок3°C/13°C
Сабота2°C/12°C
Недела7°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 84 гости и нема членови


web counter



qr code