Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Crkva Morodvis30.03.2015  И официјално, со чинот на осветувањето, и жителите на селото Мородвис добија свој православен храм. Црковниот објект чија изградба започна во јуни 2012 година и се изгради за релативно краток период, конечно може да ја извршува својата намена.

По повод осветувањето на храмот, во неделата се одржа свеченост на која присустваа верници од трите населени места во општина Зрновци, како и од соседните општини Кочани и Виница.

Чинот на осветувањето го изврши митрополитот брегалнички Иларион во сослужение на свештеници од кочанското архиерјско намесништво.

- Мајката црква нè сочува и нè мироса да останеме осветени и миросани како православни чеда Христови, да останеме како силни борци бранејќи ја својата вера и својата татковина. Секојпат да докажуваме дека сме воспитани во љубовта бидејќи нашиот Бог е љубов, своето да не го даваме, а туѓото да не го посакуваме. Затоа и овој храм ќе остане завештание на генерациите по нас, како што ние примивме, така и да предадеме, така и тие да предадат, постојано чувајќи ја верата, вистината и националното и духовното што Бог ни го даде за наше спасение, рече г. Иларион, митрополит брегалнички.

Во знак на благодарност за иницијативата и придонесот во изградбата на црквата во Мородвис, Брегалничката епархија на градоначалникот Блаже Станков му додели орден на Свети Никола, патронот на епархијата. Орденот лично му го врачи владиката Иларион, а Станков рече дека се остваруваат заложбите сите населени места во општина Зрновци да добијат православни храмови.

- Ние овој храм им го должиме на нашите предци, го должиме на нашата генерација, го должуиме на нашите деца, и еве, со Божја помош успеавме, успеавме и со големата поддршка од вас, инспирирани од вашата голема и неизмерна љубов кон Бога и грижата за духовниот растеж на својот народ, рече Блаже Станков, градоначалник на Општина Зрновци.

Освен во Мородвис, напредува и изградбата на црквата посветена на Св. Климент Охридски во Видовиште. Според најавите од Локалната самоуправа на Зрновци, се очекува во блиска иднина и таа да биде осветена.

Т. Ајтовски

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
__ ЗАГАДЕНОСТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ __ EAQI - European Air Quality Index е мерка која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на државната мерна станица на ул. „Глигор Апостолов - Гочо“ во дворот на СОУ “Љупчо Сантов“. Покажува загаденост според Европската скала за AQI од 0 до 100, при што колку е повисока мерката, толку е позагаден воздухот.
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 54 гости и нема членови


web counter



qr code