Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

morodvis1

31.05.2013  Локалитетот Црквиште во Мородвис повторно се враќа на археолошката мапа во државата. Интересот за негово истражување, поттикнат од локалната самоуправа на Зрновци, годинава треба да ги даде и почетните резултати. Иако не станува збор за класично ископување на археолошки артефакти, изготвениот проект треба да ја раздивижи умртвената состојба во која подолго време се наоѓа локалитетот.

Од Заводот за заштита на спомениците и Музејот на Штип доаѓа потврда дека се преземени почетни чекори за обезбедување на потребните финансиски средства за отпочнување на истражувачките активности.

 - Од оваа година ние аплициравме за истражување. Минататa година бевме на лице место и со градоначалникот на Општина Зрновци, тој има одрдени интересни идеи кои претходно треба да бидат археолошки и конзерваторски реализирани, така што мислам дека посериозно ќе почнеме да работиме на овој локалитет и наскоро тој ќе има сосем друг лик, рече Зоран Читкушев, директор на Завод за заштита на спомениците.

Пред повеќе од триесет години, кога за првпат започнаа истражувањата, носител на активностите во Мородвис беше Музејот на Македонија. Со извесни прекини, последен пат овде се работеше летото во 2006 година. Тогаш десетина дена македонски и американски археолози вршеа истражно-заштитни работи. Предмет на нивното интересирање беше северозападниот дел од локалитетот, во близина на црквата која потекнува од 13 век. Оттогаш, веќе 6 години не се вршени никакви истражувања, заради што локалитетот остана подзаборавен и препуштен сам на себе. Со интересот што го пројавува Заводот за заштита на спомениците се очекува дел од оштетувањата да бидат санирани, а локалитетот да биде целосно заштитен.

T. Ајтовски

Сподели

morodvis2morodvis3morodvis4morodvis5morodvis6morodvis7

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: North при 2 kmh
Четврток-3°C/14°C
Петок-3°C/12°C
Сабота-2°C/9°C
Недела-1°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 292 гости и нема членови


web counter



qr code