Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Protest Zoran Savev09.04.2015  Мирен протест пред Основниот суд во Кочани одржаа роднините и пријателите на осудениот Зоран Савев од Зрновци, при што излегоа со единствено барање да се обнови судскиот процес против него.

Тие сметаат дека тој неправедно е осуден на 11-годишна казна затвор за извршено кривично дело силување, иако според нив тој тоа воопшто не го сторил.

Затоа организирале и петиција за да соберат потписи со кои од судот бараат повторно преиспитување на наводната вина на Савев, затоа што имале и свои аргументи.

- Зошто пресудата се сведува на изјава заверена со зборот “мислам“? Зошто предложените сведоци не се сослушани и зошто нивните изјави не се земени предвид? Зошто обвинението за случај од пред три години е донесено толку брзо, без притоа да биде темелно испитано? Како оштетената, лице со епилепсија, може да тврди дека не ги познава за неа добро познатите сведоци, кога таа со нејзината болест се вметнува во категоријата на несигурен и недоверлив сведок? Каде гледале и во чии записници читале судиите кога упорно тврдат дека дури и сопругата на Зоран Савев е сослушана како сведок, а неа колку што ја држи паметот е повеќе од сигурна дека не само што не е сослушана, туку и не е повикана на суд, рече Кети Апостолова, член на Иницијативниот одбор за собирање потписи.

Присутните на протестот рекоа дека сметаат оти се прекршени основните човекови права, односно било водено нестручно вештачење на случајот, а немало ни соодветни сведоци, заради што имаат сомневања за судската пресуда.

- Еве и овие луѓе кои се тука не дојдоа да не му дадат поддршка, туку дојдоа затоа што го познаваат, го знаат каков човек бил и затоа уште еднаш апел испраќам до овој суд, барем да се ислушаат сведоците, барем да ја дознаеме вистината, затоа што пред вистината и боговите молчат, рече Борис Савев, брат на осудениот.

- Ќе кажам само дека ако е виновен, таму да остане доживотно, но што ќе правиме ако се докаже спротивното? Ако не е виновен, кој ќе ја сноси тогаш одговорноста? Мене само тоа ме мачи и повеќето од моите другари, пријатели и роднини, рече Венцо Гаврилов, пријател на осудениот.

Луѓето кои дојдоа на протестот пред Судот рекоа дека се одржало само едно судско рочиште и само за 1 час Савев бил осуден на 11 години затвор, без да се направи судско вештачење од референтна институција или пак во текот на судењето да се слушне мислењето на сведоци кои биле предложени од одбраната.

Тие очекуваат дека нивната петиција ќе биде прифатена и Основниот суд ќе донесе решение за повторување на судската постапка против осудениот, со што тој ќе ја докажел својата невиност и ќе ја отфрлел нанесената неправда.

Т. Ајтовски

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NNE при 13 kmh
Недела2°C/11°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 99 гости и нема членови


web counter



qr code