Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

kuce mrtvo24.04.2015  Крвничко злоставување, малтретирање и убивање кучиња повторно е забележано во Кочани. На неколку зафрлени места во градот откриени се тела на измачувани или пцовисани животни што претходно биле врзувани.

Граѓани реагираа во нашата редакција со фотографии од местата каде што биле забележани дури и коски од поодамна убиени кучиња. Тие тврдат дека имат потврдени сомневањата оти се работи за познат насилник кој и претходно се однесувал на сличен начин.

Лицето било осомничено за силување и агресивно однесување, поради што граѓаните се плашат и за сопствената безбедност.

Поради тоа, нашата соговорничка која се охрабри да зборува за случаите на малтретирање кучиња на кои и самата била сведок, сакаше да го заштити својот идентитет.

- Предлагаме надлежните да преземат нешто во врска со лицето кое што ги малтретира животните. Kога сме во можност одиме и му одземаме животни што ги малтретира, ги прегладнува, ги дехидрира, ги тепа и на крај ги убива, ги силува исто така, но за жал тој продолжува со истото злодело. Имаме пријавено неколку пати во полиција, но до сега нема никакви резултати, рече нашата соговорничка.

Одговорот што го добивала по пријавувањето на насилствата над животните е дека злосторникот имал ментална болест, па не можеле да преземат ништо. Потврда за насилничкото однесување на сторителот дојде и од неговитеродители, кои исто така бараат одговорните да преземат мерки.

- Дома нè тепа, нè малтретира. И кучињата ги мава со камења, ги врзува со врвка и ги носи во каналот, ги фрла. Треба да се преземе нешто, да видат што работи, па болви се наполни нагоре. Викам да одиме во социјални грижи, и таму не преземаат мерки, викаат дека не бил за во дом, а како не е, кога е за во дом, рече Бранка Терџиманова, мајка на насилникот.

Биле евидентитрани и случаи на кражба на домашни миленци, за кои сопствениците изгубвиле секаква надеж, а подоцна биле пронајдени измачувани или мртви. Со намера да им се помогне на кучињата што му биле одземени на насилникот, членови на здружението за заштита на животните “Втора шанса“ од Кочани ги заштитиле на безбедно место.

- Тие во моментаот се згрижени, им бараме дом, но на повеќето не можеме да им најдеме затоа што се постари, повозрасни, женски. Не можеме долго време да ги задржиме бидејќи немаме никави донации, се што правиме е од наш буџет, додава нашата анонимна соговорничка.

Хуманите граѓани кои ги згрижиле кучињата што ги спасиле побараа да не се открива локацијата каде се сместени животните, поради можноста насилникот и таму да се изживува над нив.

Сметаат дека согласно одредбите од законот за заштита на животните треба да се преземе темелна истрага и да се одреди соодветна казна за сторителот, како и трајна забрана тој да им се приближува на кучиња и други животни и да ги зема за какви било цели.

Т. Ајтовски

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток2°C/15°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 122 гости и нема членови


web counter



qr code