Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

nikola karev27.04.2015  Општините Кочани, Чешиново-Облешево и Кочани беа заеднички носители на одбележувањето на 110-годишнината од смртта на претседателот на Крушевска република, Никола Карев.

Градоначалниците на трите општини, како и нивните колеги од, Македонска Каменица и Крушево, како и потомоци на Карев, ученици и граѓани најпрвин го посетија спомен обележјето во близина на селото Тркање, каде положија свежо цвеќе.

Потоа се одржа голем народен собир на месноста Свиланово кај селото Рајчани, каде во 1905 година херојски загинал Карев. На свеченоста по повод јубилејот за животот и делото на македонскиот револуционер и учител говореше крушевчанецот Кочо Топузовски.

- Меѓу бројните Македонци кои ги положиле своите животи обележувајќи ги монументалните почетоци за остварувањето на многувековниот сон на безброј македонски генерации, создавање на своја самостојна држава, Никола Карев зазел едно од највисоките места на пиедесталот на насционалното паметење. Тој е корифејот на крушевското Илинденско востание и осмислувачот и реализаторот на првата македонска народна востаничка власт, рече Кочо Топузовски, писател.

На собирот кај Свиланово присуствуваа и блиски роднини на Карев, кои рекоа дека се горди на неговото херојско дело. Некои од нив за првпат дојдоа да го видат местото каде што крушевскиот војвода го положил животот за татковината.

- Ми се оствари желбата да дојдеме тука кај што е загинат претседателот на Крушевската република, Никола Карев, и се заблагодаруваме, рече Петруш Карев, внук од брат на Никола Карев.

- Во 73 години првпат идам, одушевен сум од овој народ, од овој чисто македонски народ, што ова ќе остане за век, за паметење, да сме среќни, здрави, рече Борис Карев, паравнук од брат на Никола Карев.

Во чест на Карев, секцијата „Географски видик“ од ОУ „Никола Карев“ од Кочани и членови на Планинарското спортско друштво „Осогово“ пеш ја минаа релацијата од Кочани до Свиланово и назад.

- Во соработка со ПСД “Осогово“ имавме една интересна планинарска тура што во светот на планинарењето не е голем предизвик, но предизвик е местото до кое треба да се стигне, конечната цел, а тоа е токму ова место во близина на селото Рајчани каде нашиот патрон загинал пред 110 години рече Сашко Стефановски, професор во ОУ „Никола Карев“.

Градоначалниците на Кочани, Пробиштип и Чешиново-Облешево најавија дека заедно подготвуваат проект за изградба на спомен-парк во чест на Никола Карев.

- Наша идеја е да дадеме едно поголемо значење на еден од најолемите борци за независна Македонија, односно во периодот што следува да направиме едно спомен обележје како што доликува за првиот претседател на Крушевската република кој загинал предаден на овие простори кај месноста Свиланово, што е на тромеѓето помеѓу општините Пробиштип, Чешиново-Облешево и Кочани, рече Тони Тоневски, градоначалник на Општина Пробиштип.

Идејата, рече Тоневски, е во иднина ова место заедно со спомен-обележјето треба да прерасне во излетничко и туристичко место.

Во рамки на одбележувањето на јубилејот, собирот продолжи во манастирскиот комплекс “Св. Пантелејмон“, каде за гостите беше организиран празничен ручек.

Т. Ајтовски

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NE при 4 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 123 гости и нема членови


web counter



qr code