Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Zeleno Zname Malina27.04.2015  ОУ „Малина Попиванова“ за прв пат се стекна со признанието „Зелено знаме“ што го доделува организацијата „ОХО“, поддржана од Швајцарската амбасада.

Со добивање зелено знаме и оваа образовна институција го доби епитетот „Еко училиште“. Целта на проектот е заштита на животната средина и нејзина интеграција во воспитно–образовниот процес и подигање на свеста на учениците, наставниците и техничкиот персонал за заштита на животната средина, а се овозможува теоретското знаење да се примени во секојдневниот живот.

Знамето и официјално му беше доделено на училиштето на шестиот „Еко самит“ што се одржа во Скопје од страна на министерот за образование амбасадорот на Швајцарската конфедерација во Македонија Стефано Лазарото.

- Во рамките на овој самит беа доделени сертификати и признанија на воспитно-образовните институции кои постигнаа високи стандарди во имплементација на еколошките програми за едукација во рамки  на проектот како да се стане еко училиште за учебната 2013 - 2014 та година. Наградите беа доделени од страна  на Амбасадорот на Швајцарската конфедерација Стефано Лазарото а на нашето училиште беше доделено признанието „Зелено знаме“ кое што претставува највисоко достигнување во програмата а воедно преставува и меѓународен сертификат за успешна имплементација на сите еко стандарди во работата на училиштето, рече  Здравка Охомуш, координатор на проектот.

Со оглед на тоа што ова е највисока награда од проектот јасно покажува  дека училиштето во изминатиот период  посветено работеше во делот на еколошката едукација од типот на спроведување кампањи, акции и проекти во кои учествуваа сите наставници , родители ученици и претставници од работни организации како и поддршка од  медиумите. Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ се спроведува задолжително во сите основни и средни училишта и градинки и во сите приватни училишта и ученички домови.

Ова е второ училиште од Кочани кое добива статус на зелено знаме. Досега највисокото признание го има добиено единствено ОУ „Раде Кратовче“ чиј носител е од 2007 година.

Т. Велкова

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: North при 2 kmh
Четврток-3°C/14°C
Петок-3°C/12°C
Сабота-2°C/9°C
Недела0°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 91 гости и нема членови


web counter



qr code