Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

lora lesnovo30.04.2015  Дека Бог постојано прави чуда, говори настанот што се случи на првиот ден Велигден во манастирот “Св. Гаврил Лесновски“ во Лесново, кога 13-годишно девојче од Кочани, по промислата Божја и по молитвите на отец Гаврил Светогорец, чудесно се излекувало од недијагностицирана болест и од тешката состојба во која се наоѓало.

Откако веста за чудното излекување на девојчето со голема брзина се прошири по социјалните мрежи, родителите одлучија, за да нема искривувања, да ја објават целата вистина за големата милост што Бог ја пројави на семејството.

Проблемите започнале кон крајот на минатото лето кога Лора го изгубила апетитот.

Набрзо се влошила состојбата и девојчето добило силни болки и воспаление во зглобовите на прстите на левото стапало, при што три прсти се искривиле. По побараната лекарска помош од познати и искусни доктори, дијагноза не била поставена, а болките не престанувале.

- Нашата голгота започна на 28. јануари, на празникот свети Гаврил Лесновски, кога поради необјаснив напад на кашлица Лора ја однесовме со возило на Брза помош на Детска клиника во Скопје, каде што останавме еден месец. Лекарите ја лекуваа од реума и артритис, но резултати немаше. Поминавме и една ноќ на Карил и една недела на одделот за интензивна нега на Детската клиника. Поради тоа што не можеше да се постави дијагнозата некои од лекарите ни предлагаа лекување во странство. По сите направени испитувања и магнетни резонанци на мозокот резултатите беа одлични а состојбата на Лора уште повеќе влошена. На хартија имавме здраво дете, а всушност Лора беше во многу тешка здравствена состојба со несвестици, напади, вртоглавици, искривени прсти на нозете, рече Олга Минова, мајка на Лора.

По еден месец поминат низ неколку одделенија и низ многу врати на скопските клиники, родителите се наоѓале во тешка безизлезна ситуација. Блиските пријатели и роднини ги упатувале да побараат помош од бајачи и гатачи но, Лора била најголемиот противник за такво нешто. Затоа пак, често барала да ја носат во малата црквичка посветена на Благовештение во кругот на Клиничкиот центар во Скопје.

Во таква безизлезна ситуација и по одговорот на лекарите дека направиле се што можеле и дека веќе не е до нив, родителите донеле одлука да ја напуштат болницата и да побараат помош од хомеопатската медицина. Но, и од тоа резултат немало. Неподносливите болки во зглобовите на искривените прсти, вртоглавиците, нападите, несвестиците, заматеноста, црнината пред очите и понатаму останувале. За Велигден биле пуштени дома со договор веднаш после празникот да се вратат во болница.

Долги години наназад родителите го посетувале манастирот „Свети Гаврил Лесновски“, па решиле да отидат со детето. Во разговор со Игуменот на Лесновскиот манастир, отец Дамаскин, тој им дал утеха на родителите говорејќи дека проблемот и болеста на Лора се од духовна природа. Отишле со него во манастирот и тој ѝ прочитал молитва и ја помазал со масло од кандилото на гробот на епископот Гаврил Светогорец.

- Додека траеше молитвата очекувавме дека ќе се онесвести, бидејќи со месеци наназад не издржала толку време да не добие напад. Но, тоа не се случи. Отецот имаше голема вера дека со девојчето сè ќе биде во ред. Кога заврши молитвата, ќерка ни се исправи пред нас и ни рече: „Мамо, јас сум иста како порано! Повеќе не ве гледам матно! Ве гледам како порано!“ Отецот одеше напред, а детето по него... Првпат после толку месеци без наша помош! Излеговме од манастирот, а таа сама продолжи по отецот кој одеше пред неа. Ја одведе во продавницата за свеќи и икони. И даде крст кој го носи на вратот до денес. И кажуваше што треба понатаму да прави. Детето отиде само до колата која беше паркирана на манастирскиот паркинг. Кога седна во колата започна да ја одврзува патиката. Сакаше да се собуе и да го тргне ортопедското помагало од ногата. Ние во еден глас ѝ рековме дека иако се почувствувала подобро, не треба да брза да го тргне помагалото, но таа не нè слушаше што ѝ зборуваме. Моментот на вистинското изненадување за нас беше кога таа ни ја покажа ногата. Прстите кои со месеци беа искривени и згрчени во страшна болка беа исправени. Болката ја немаше, додаде Минова.

Родителите кои мислеле дека е сон од кој не сакаат да се разбудат само се свртеле кон манастирот и низ солзи му заблагодариле на Господ за чудото што им се случило со нивната 13-годишна ќеркичка. Било потребно време да се соземат и да поверуваат дека нивното дете, кое до пред само неколку минути постојано се онесвестувало и не можело само да оди, сега задоволно се смеело. На неа немало никаква трага од долготрајната голгота. Божјата милост избришала сè. Дома се вратиле со истото живо, здраво и среќно дете од порано.

По само пет дена од чудото, кога се слави Источен петок Балаклија, во Метохот на Лесновскиот манастир, Лора го примила Христа преку причест кој и го дал Игуменот Дамаскин.

Големото чудо придонело за духовна преобразба на целото семејство и за уште посилно зацврстување во верата и цврста решеност никогаш да не отстапат од светлата патека на Исус Христос.

Т. Велкова

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NNE при 13 kmh
Недела2°C/11°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 135 гости и нема членови


web counter



qr code