Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

antura pustanje06.05.2015  Близу 6 милиони евра вложи холандската компанија “Антура“ во изградбата и опремувањето на својот нов производствен капацитет во Кочани што свечено беше предаден во употреба.

Новата фабрика ќе произведува семенски материјал за украсни цвеќиња, а дел од првично вработените 150 работници веќе поминаа посебни обуки во Холандија, Кина и во други држави. Компанијата ќе користи најсовремена технологија во својата област на производство, а обезбеди и високостручен кадар.

- Не само што имаме луѓе вклучени во доменот на одгледување, лабораторија и производство, туку исто така и во продажба, маркетинг, техничка поддршка, финансии, планирање и човечки ресурси. Така, во текот на 40 години, “Антура“ од мал семеен бизнис се здоби со водечка улога на светскиот пазар во одгледување на антуриум и орхидеи, рече Иван ван дер Кнаап, сопственик на “Антура“.

На пуштањето во производство на капацитетот на “Антура“ присуствуваа претставници од највисоката државна и локална власт, како и бизнис партнери. Според премиерот Груевски, холандската инвестиција ја потврдува добрата бизнис клима во Македонија, а фабриката ќе придонесе за пораст на извозната ставка на државата.

- Покрај првично вработените 150 луѓе, во наредниот период бројката да се искачи на 300 до 400 директни вработувања што е од особена важност за Кочани, Виница, Зрновци и сите околни населени места. Она што е значајно е што фирмата е целосно извозно ориентирана што ќе има свој придонес во зголемувањето на македонскиот извоз во земјите од Европа и светот. Успешната реализациуја на оваа инвестиција е уште една потврда дека холанските инверсироти веруваат во добрата бизнис клима во Македонија, рече Никола Груевски, премиер на Република Македонија.

Свој придонес во реализацијата на холандската инвестиција даде и Општина Кочани која ги обезбеди потребните услови за почеток на изградбата и за нормално функционирање на капацитетот.

- Општината даде поддршка за нивната инвестиција во креирањето услови за почеток на кочанско-холандската “Антура“. Изградивме водовод, одвод и канализација, тротоари, улично осветлување и работевме заедно со нив на целосно инфраструктурно уредување на овој дел. Општина Кочани вложи повеќе од 6 милиони денари за изготвување посебни услови за нашите инвеститори, рече Ратко Димитровски, градоначалник на Општина Кочани.

Компанијата “Антура“ е втора странска инвестиција во Кочани во изминатите две години. Претходно свој производствен капацитет отвори американската компанија “Амфенол“, со што двете фабрики треба да вработат 3000 лица од кочанскиот регион.

Т. Ајтовски

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NNE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 161 гости и нема членови


web counter



qr code