07.05.2015 Втор случај во Кочани, а трет во источниот дел од државата на отсекување на полов орган.
65-годишен маж, од засега непознати причини, најпрвин го згмечил со чекан, а потоа си го пресекол половиот орган, по што поради обилното крварење не бил пренесен до кочанската Општа болница, туку директно во болницата во Штип. Поради сериозноста на повредата оттаму бил префрлен во Клиниката за урологија во Скопје. Таму му бил извршен оперативен зафат што траел 3 часа, по што на кочанецот му е овозможено барем да ги извршува физиолошките потреби. Во болницата го однел неговиот син кој го пронашол татка си облеан во крв и без полов орган.
Ова е втор случај на отсекување на полов орган во Кочани.
Првиот беше во октомври минатата година кога 22-годишно момче, депримирано од врската со неговата девојка си го пресече половиот орган. Пред него таква одлука донесе 40-годишен радовишанец кој половиот орган си го фрли во тоалетната шолја.
Т. Велкова