Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

amphenol goso vikentiev07.05.2015  Соработка меѓу СОУ “Гошо Викентиев“ и компанијата “Амфенол“ имаше и досега, но двете страни потпишаа меморандум за продлабочување на истата, што ќе биде од големо значење, како за вработените, така и за учениците во кочанското училиште.

Користа е обострана. Училиштето ќе им обезбеди нови млади кадри способни за работа во фирмата, а од „Амфенол“ ќе им понудат усовршување преку обуки во странство и најсовремени методи на работа.

- Мислам дека за двете страни, а посебно за учениците ова ќе биде еден поттик за подетална и поголема соработка, бидејќи „Амфенол“ како корпорација има проект во Македонија кој што е релативно голем и за овој регион доста значаен.

Локацијата за инвестирање во Кочани е избрана поради тоа што има добри предуслови, индустриска традиција и пред се извор на квалификувана работна рака и техничко училиште кое што во рамките на градот. Сметаме дека со поддршка од СОУ „Ѓошо Викентиев“ ќе успееме да регрутираме нови млади кадри кои што се потребни во наредниот период, а ние од наша страна можеме да им понудиме усовршување за најдобрите на обуки во странство и најсовремени методи и начини на работа. Можеме да земеме и обврска дека најдобрите кои што ќе бидат во генерацијата ќе ги преземеме и ќе им понудиме работа, рече Сашко Наков, директор на „Амфенол“.

Во текот на изминатите месеци ученици од „Гошо Викентиев“ ја посетија компанијата „Амфенол“ со цел запознавање со технологијата и начинот на производство во фирмата што ќе им послужи во учењето и понатамошната работа на учениците.

- Со потпишување на овој меморандум за соработка подетално се дефинираат нашите понатамошни активности од месец септември кога дел од нашите ученици од профилите електротехничар за електроника и телекомуникации и машински техничар би можеле да ја вршат практичната работа во фирмата „Амфенол“. Од оваа година сакаме нашите ученици да почнат да посетуваат повеќе фирми меѓу кои е и оваа компанија, со цел да стекнат практични знаења употребливи понатаму за подготовка за работа во фирмите, рече Димче Сребренов, директор на СОУ „Гошо Викентиев“.

И од двете страни очекуваат резултатите и ефектите од соработката да испливаат на површина за доста краток временски период.

Т. Велкова

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: North при 2 kmh
Четврток-3°C/13°C
Петок-3°C/12°C
Сабота-3°C/9°C
Недела0°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 95 гости и нема членови


web counter



qr code