Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

andrej208.05.2015  Наташа Стојанова мајка на две деца, ќерката мажена во Словенија, а синот Андреј е 20-годишно момче со посебни потреби, кој заради повредите што ги добил при породувањето останал во количка.

Стојанова целиот свој живот комплетно го посветува на Андреј и заеднички со сопругот Зоранчо се грижеле за нивното дете со церебрална парализа кое не може да оди и поради тоа има специјални потреби и само не може да функционира.

Но, пресвртница во животот на Стојанова е прераната смрт на нејзиниот сопруг, татко на Андреј кога таа останува сосема сама со дете во таква специфична состојба. Во најтешките моменти од својот живот утеха бара кај Бог и отците од Лесновскиот манастир.

- Сила за да продолжам понатаму ми даде отец Дамаскин и другите отци од Лесновскиот манастир. Нивното залагање, нивната работа и поткрепа ми беа од големо значење. Цели шест месеци откако почина мојот сопруг јас бев збунета и не знаев што се случува со мене. Бев преплашена дека ќе останам сама со Андреј, но отците ми дадоа утеха и јас сфатив дека сум сама и заради Андреј морам да продолжам храбро. Во една прилика отец Дамаскин ми рече дека во такви тешки моменти Бог праќа луѓе кои можат да помогнат. Јас не верував, но испадна така како што велеше отецот. Бог ми прати една мала армија жени од зградата кои ми помагаат за Андреј. Немам помош од никој, немам на кој да го оставам Андреј и останувам сама на себе. Се соочивме и со проблеми околу обезбедувањето не пензијата која  што го следува Андреј од татко му, рече Наташа Стојанова, мајка на Андреј.

Да се платат скапи лекови, операции, чести патувања до главниот град со скромната пензија која ја зема Андреј наследена од татко му е скоро невозможно. Наташа се снаоѓа со работа да чисти, а дополнителни минимални средства зема од својата рачна изработка да шие и плете. Наташа и Андреј помош имаат само од блиските пријатели во зградата, а државата и институциите остануваат глуви на нивниот повик.

- Андреј сега зема семејна наследна пензија од татко му 7.000 денари, посебен додаток од 4.200 денари и единствено што ми излегоа во пресрет институциите е тоа што на тие 4.200 ми додадоа уште 2.000 денари како самохрана мајка. За лековите на Андреј кои мора да ги пие месечно давам по 7.000 денари, додаде Стојанова.

Децата со посебни потреби како Андреј со церебрална парализа се специфични и 24 часа бараат помош и грижа за нив. Не можат  да зборуваат, ниту пак да ги извршуваат основните секојдневни физиолошки потреби. Ако се запостават можат освен физичкиот да имаат и ментален хендикеп.

Во однос на зборувањето и размислувањето тоа не е случај со Андреј. Благодарени на упорноста и трудот кои мајката Наташа ги дава постојано, Андреј е паметно момче кое може да зборува, да чита, а се труди да истражува и во делот на медицината - областите што најмногу го засегаат неврологијата и ортопедијата. Комуникацијата на Наташа и Андреј со лекарите е на високо ниво, посебно со проф. д-р Чепреганов и проф. д-р Божиновски кои му се најпотребни во моментов.

Покрај тоа што Андреј постојано чита и истражува, интересно е дека  тоа што ќе го истражи го пишува на компјутер како негов заклучок. Најблагодарен е на лекарите, но посебно на неговата мајка Наташа која му помогнала да биде она што е сега.

- Голема благодарност до мојата мајка што ми помогна да успеам да дојдам до ова ниво, бидејќи таа многу се трудеше јас да прозборам, да читам и пишувам и да станам свој човек, рече  Андреј Стојанов.

И покрај направените бројни операции, Андреј наскоро ќе биде изложен на повторна операција која му е најпотребна во моментов. Инаку, станот во кој живеат Стојанови им е даден од државата под кирија, како дел од проектот социјални станови за родители со дете со посебни потреби.

Освен тоа што мајката Наташа е препуштена сама да се бори да му овозможи добри услови за живот на Андреј и не добива помош од никој, мета е на озборувања и осуда кај луѓето кои не можат ни најмалку да ја сфатат нејзината болка и тага заради реалната состојба на нејзиниот 20-годишен син. Но, таа за тоа не размислува, туку  како што вели, заради децата , посебно за Андреј останува да се бори и снаоѓа како знае и умее за да го исправи Андреј на прав пат и да му обезбеди пристојни услови за живот.

Т. Велкова

Share
©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NNE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 148 гости и нема членови


web counter



qr code