Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Legalizacija31.07.2013 5 до 12 е за сите соптвеници на бесправно изградени објекти на земјоделско земјиште кои сакаат истите да ги легализираат.

Барањата се поднесуваат во Локалната самоуправа каде досега примиле точно 40 .

-Сакам да напоменам дека рокот истекува на 2 август. Очекуваме дека по обичај на нашиот народ тоа да се прави во последен момент, да се јават и други сопствените, а рокот за поднесување на барањата нема да биде пролонгиран-рече градоначалникот Димитровски.

-Тој додаде дека Локалната самоуправа стриктно ќе се придржува до законот кога е во прашање рокот за легализација на бесправно изградените објекти на земјоделско земјиште.

-Сите барања што ќе бидат поднесени по истекот на рокот нема да бидат прифатени во нашата едношалтерска канцеларија. Доколку знаеме колку такви објекти има, ние би апелирале до сопствениците да поднесат барање-вели Димитровски.

Подносители на барање може да бидат: физички лица - државјани на Република Македонија,  правни лица регистрирани во Централниот регистар и институции кои се иматели на бесправните објекти, како и странски правни и физички лица доколку ги исполнуваат условите за стекнување на право на сопственост утврдени со Законот за сопственост и други стварни права.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по секое поднесено барање од страна на единиците на локалната самоуправа издава согласност за потврдување на бесправно изградени објекти на земјоделско земјиште во зависност од видот на објектот, од големината на површината на земјоделското земјиште со кое располага имателот, од број на објекти во иста катастарска општина,  и постоечката соодветна патна, комунална и електрична инфраструктура.

Г.Лалов

Сподели

Legalizacija-1Legalizacija-2Legalizacija-3

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: North при 0 kmh
Среда3°C/13°C
Четврток0°C/12°C
Петок1°C/12°C
Сабота2°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 90 гости и нема членови


web counter



qr code