Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

vesta zena312.05.2015  Прво место за аранжирање икебана освои овогодишната претставничка од Кочани, Елеонора Иванова со темата „Златокоса“ на Републичката манифестација „Вешта жена“ што се одржа во Лешочкиот манастир во Тетово.

Во силна конкуренција од натпреварувачки победници од повеќе општини, Елеонора ја доби првата награда за икебана.

- Ние како град бевме присутни на Републичката манифестација. во силна конкуренција на вешти жени победнички од 25 града освоивме прво место во аранжирање на икебана. Вешта жена на Република Македонија беше избрана натпреварувачката од Куманово, додека пак Гран при наградата и припадна на натпреварувачката од Тетово. Дружењето беше прекрасно со вештите жени од сите градови од републиката, рече Марија Мишева, организатор на „Вешта жена“ во Кочани.

Елеонора Иванова со темата „Златокоса“ годинава беше избрана за Вешта жена на град Кочани и ја претставуваше општината на Републичката манифестација. Инаку на овогодишната општинска манифестација во Кочани учествуваа пет натпреварувачки кои собраа храброст, одвоија време, вложија труд да подготват свечено украсени трпези. „Вешта жена“ годинава го одбележа својот јубилеј 20 години постоење на манифестацијата во Кочани. Инаку, пред две години се прошири и надвор од границите на државата. Македонките, вештините во кулинарството ги покажаа и во Швајцарија.

Манифестацијата “Вешта жена“ има повеќекратна цел. Освен покажувањето на вештините во подготовка на кулинарски специјалитети дополнително задоволство на вештите жени им е заедничкото дружење и патувањата кои засекогаш остануваат во нивните сеќавања.

Т. Велкова

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NNE при 13 kmh
Недела2°C/11°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 150 гости и нема членови


web counter



qr code