Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

mars13.05.2015  Со македонското знаме во рака и со мирен собир и кочанци им оддадоа почит на загинатите македонски полицајци во акцијата против терористите во Куманово.

Организацијата за собирот беше претежно на социјалните мрежи, како и повик преку медиумите, така што голем број граѓани се собраа да им оддадат почит на македонските херои. Упатија пораки за обединетост и сплотеност на сите кои живеат во Македонија со цел настанот во Куманово никогаш да не се повтори.

- Јас како прв човек во градот кога дознав за оваа иницијатива дојдов да се вклучам во акцијата која што ја организираат нашите граѓани за да им оддадам почит на нашите херои, на оние кои што го чуваат Уставот на Република Македонија.

Заедно со граѓаните на направиме една достојна почит и за оние загинати осум наши херои и за оние кои во исто време продолжуваат да го чуваат редот во државата, рече Ратко Димитровски, градоначалник на Општина Кочани.

- Тука сме да дадеме поддршка на полицијата, сочувство за загинатите полицајци и храбро за другите кои се уште во борбата. Мислам дека нашиот народ е добар и нема да подлегнеме на други сили или струи и нека знае светот дека ние можеме тоа да го постигнеме и без оружје туку со разговор. Ние сите стоиме зад нив и ќе им даваме поддршка целосна. Многу животи дадовме и секако дека тоа не е убаво. Живееме еден мирен живот и одеднаш сега еве ти војна. Дојдовме да им дадеме поддршка на полицијата, рекоа граѓаните.

Големата група граѓани, која по улиците личеше на река од народ, од паркот на револуцијата во Кочани се упатија пред полицијата каде што претставник од НВО „Благородна мисија“ го предаде македонското знаме на дежурниот полициски службеник во знак на изразување почит за загинатите.

Т. Велкова

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток2°C/15°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 154 гости и нема членови


web counter



qr code