Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

maturanti vinica226.05.2015  За прв пат после неколку децении виничките матуранти дефилираа низ улиците. Досега централното случување се одвиваше при влегување и излегување од гимназијата.

Годинава граѓаните на Виница, младите и убави матуранти можеа да ги видат и по виничките улици. Кога се спои младоста, убавината, шармот и полнолетството дилема нема, секогаш излегуваат прекрасни ученици кои ги красеа улиците во градот на денот на славење на полнолетството.

Момчињата во костуми, а кај девојчињата преовладуваа долгите раскошни тоалети, преку кои од далеку се познава креативноста на матурантите. 156 матуранти од СОУ „Ванчо Прке“ го оддржаа последниот класен час во училишните клупи.

Во изминатите четири години учениците вложиле труд и со доволно знаење излегуваат од училиштето, велат класните раководители.

- Овогодишните матуранти навистина беа прекрасни ученици и во поглед на учење и во поглед на однесува и на присутност на настава. Им честитам на сите матуранти и им посакувам многу успех понатаму. Знам дека поголем дел од нив ќе станат успешни граѓани, рече Елида Ангелова, класен раководител, професор во СОУ „Ванчо Прќе“.

110 ученици завршуваат средно гимназиско образование, 23 ученици текстилно – кожарска струка и 23 со диплома за машинско образование. Забавата и прославата на матурската продолжи во новиот хотел ресторан “Александар парк“ во Виница.

Т. Велкова

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NNE при 13 kmh
Недела2°C/11°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 138 гости и нема членови


web counter



qr code